Лебед OB2 #8A — двојнолиниски спектроскопски двоен систем со местоположба во центарот на здружението Лебед OB2 на растојание од 5.500 светлосни години.
Откритие
Сè до 1951 година Лебед OB2 #8 била позната како анонимен каталошки податок во бонскиот преглед. Тогаш била препозната како една од неколкуте високосјајни блиски жешки ѕвезди во соѕвездието Лебед. Иако била попозната како Шулте #8A, бројот 8 првпат се спомнува во постари трудови.[8] Шулте ја означил групата како масивно ѕвездено здружение и ја поделил ѕвездата #8 четири составници, вклучувајчи ја и #8A.[9]
Систем
системот Лебед OB2 #8A содржи две масивни сѕвезди од спектрален тип O во меѓусебна орбита од 21,9 денови. Примарната е суперџин со 44 M☉ а секундарната е џиновска ѕвезда со 37 M☉.[7] Се смета дека двете ѕвезди не разменуваат маса и нивните светлосни класи во здружението Лебед OB2 од околу O6 се поклопуваат со главната низа.[6] Блиските ѕвезди Лебед OB2 #8B, #8C, и #8D, за кои првично се сметало дека се единечна ѕвезда се всушност масивни и сјајни ѕвезди од спектрален тип O.
↑Caballero-Nieves, S. M.; Nelan, E. P.; Gies, D. R.; Wallace, D. J.; Degioia-Eastwood, K.; Herrero, A.; Jao, W.-C.; Mason, B. D.; Massey, P.; Moffat, A. F. J.; Walborn, N. R. (2014). „A High Angular Resolution Survey of Massive Stars in Cygnus OB2: Results from the Hubble Space Telescope Fine Guidance Sensors“. The Astronomical Journal. 147 (2): 40. arXiv:1311.5087. Bibcode:2014AJ....147...40C. doi:10.1088/0004-6256/147/2/40.
↑ 4,04,1Ducati, J. R. (2002). „VizieR Online Data Catalog: Catalogue of Stellar Photometry in Johnson's 11-color system“. CDS/ADC Collection of Electronic Catalogues. 2237. Bibcode:2002yCat.2237....0D.