„Григор Прличев“,„Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ и др.
Влада Урошевиќ (Скопје, 17 октомври1934) — македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Редовен член на МАНУ од 1997 година.[1]
Основни биографски податоци
Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.
За своите преводи на најзначајните француски поети од XIX и XX век именуван е од француската влада за витез од редот на уметноста и литературата (1987).
Наводи
↑Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 271 - 272.
↑ 2,02,1"Рускиот орден "Сергеј Есенин" за Влада Урошевиќ", Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 20.
↑Н. Поповска, Промовирани избрани дела во десет тома на Влада Урошевиќ, Утрински весник, 16 октомври 2006 (пристапено на 6 ноември 2009)
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 55-58.