Проф. д-р Блажо Боев — ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип почнувајќи од 2015 г.[1] кога е унапреден од звањето проректор за наука[2] на истиот. Своите факултетски студии ги завршил на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. На овој факултет, на Одделот за петрологија, минералогија и биохемија ги завршил и магистерските студии. Своите докторски студии во истата оваа област ги завршил на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Во своето работно искуство работел во „ФЕНИ“ – Кавадарци, а од 1986 година е вработен на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во 2007 година, проф. д-р Боев е професор[3] на Факултетот за рударство, геологија и политехника - Штип.
Наставните области [4] на проф. д-р Боев се геологија, петрологија, минералогија, геохемија и геохемија на средината[5].
Тековни проекти
- „Минерали од Македонија - минералошка карактеризација“;
- „Арсен и талиум во почвите на Република Македонија“.
Реализирани проекти[6]
- „Оцена на потенцијалноста на талиумските минерали од Алшар“.
- „Минерали од Македонија - минералошка карактеризација“.
- „Геохемиски и минералошки особености на никлоносните руди во Македонија“.
- „Геохемија и изотопна геохемија на перидот од внатрешниот динарски офиолитски појас во Република Македонија“.
- „Антропогените ефекти во терциерните басени во медитеранскиот регион“
ТЕМПУС проект
- „Преструктурирање на наставните планови и програми на РГФ“ - Штип.
Наводи
Надворешни врски