Митриновиќ завршил студии по математика во 1932 година, а докторирал во 1933 на Филозофскиот факултет во Белград со тезата „Истражувања за една важна диференцијална равенка од прв ред“. До 1946 година работел како професор во гимназија, а во ноември истата година, од Матичната комисија на Филозофскиот факултет бил именуван за вонреден професор. Од 1951 бил вонреден, а од 1956 редовен професор на Електротехничкиот факултет во Белград. Тој бил основоположник на Математичкиот институт и високошколската настава по математика во Македонија и автор на огромен број научни трудови и универзитетски учебници.