Ксенте Богоев (Леуново , Гостиварско , 20 октомври 1919 – Скопје , 20 април 2008 ) — македонски економист, академик и универзитетски професор.[ 1]
Дипломирал и докторирал на Економскиот факултет во Белград . Бил професор и декан на Економскиот факултет во Скопје (1960-1963), ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1965-1967), претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1968-1974), член на Претседателството на СРМ (1974-1977) и гувернер на Народната банка на Југославија (1977-1981). Член е на МАНУ од 1974, а во периодот 1992-1999 е и негов претседател.
Ксенте Богоев е автор на 250 научни и стручни трудови. Основоположник е на научните дисциплини од областа на фискалната и на монетарната теорија и политика. Добитник е на повеќе признанија и награди.
Награди
Во 2007 година бил одликуван со Орденот за заслуги за Македонија .
Наводи
↑ Makedonska bibliografija: Statii i prilozi . Skopje: Narodna i univerzitetska biblioteka "Sv. Kliment Ohridski". 2001.
Надворешни врски
Грбот на УКИМ