Глигорие Гоговски (6 јули 1943 во Тетово — 5 јуни 2022 во Тетово)[1] — македонски стопанственик и политичар. Бил последниот претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ во периодот 1986 - 1991.[2] Во 1989 година бил кандидат за член на Претседателството на СФРЈ од Социјалистичка Република Македонија.
Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Бил генерален директор на волнарскиот комбинат „Тетекс“ од Тетово.
Бил член на СКМ од 1968 година.[3]
Наводи