По ослободувањето, тој вршел низа раководни функции. Тој е прв министер за просвета во Владата на НР Македонија (1945-1948), а потоа е потпретседател на Владата (1948-1951) и министер за финансии (1951). Бил член во собранијата на Македонија и Југославија, министер во Сојузната влада на Југославија (1958-1962), претседател на македонската Влада (1965-1968) и на Народното собрание на Македонија (23 септември1968 - 6 мај1974)[1] во времето кога се создава Уставот од 1974 година во чие создавање и донесување најактивно учествувал. До 1983 година е член на Советот на Федерацијата.