12 август1930 година во село Емборе, Кожанско (или Кајларско) Егејска Македонија. Основното образование го завршил во Солун, средното во Скопје, економски факултет во Загреб, а докторирал на Економскиот факултет во Белград во 1959 година. По завршувањето на Економскиот факултет во Загреб, се вработил како асистент на Економскиот факултет во Скопје, каде што подоцна станува редовен професор. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1979 година. Бил секретар на Одделението за општествени науки при МАНУ во периодот 1992 до 1999 година. Исто така, бил избран и за претседател на Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Никола Узунов имал високи политички позиции во Социјалистичка Република Македонија. Тој бил претставник во Републичкикото Собрание (1967-1973) и член на Извршниот комитет (владата) на СРМ (1967-1971). Претседател и член на експертски економски совети на владите на СРМ и СФРЈ во 1980-тите години.[2] Добитник е и на највисоката награда за наука и култура на Македонија „11 октомври" за вонредни придонеси во науката и културата. Починал на 2 ноември2010 година во Скопје[3].
Библиографија
1977, Основите на регионализацијата и контурите на идните региони во СР Македонија
2001, Economy of the Republic of Macedonia, 1945-1990