Селото се наоѓа во областа Сариѓол или Кајларско Поле, 14 км озападно од градот Кајлари. Сместено е во подножјето на планината Мурик, која е дел од венецот на Сињак.[2]
Историја
Селото се споменува во османлиски даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Филорине во 1626-1627 година под името Енбориjа со 71 домаќинства.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
1177
1173
1169
917
924
922
1003
804
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Родови
Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:
Мореловци (25 к.) доселени на почетокот на XIX век од Фурка кај Јанина во Епир.
Сулевци (цело маало) исто така доселени од околината на Јанина во Епир.
Боковци (35 к.) доселени се од селото Буково кај Битола.