Стале Попов

Стале Попов
Стале Попов
Роден/а25 мај 1902
Мелница, Битолски вилает, Османлиско Царство
Починат/а10 март 1965(1965-03-10) (возр. 62)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ

Стале Попов (25 мај 1902 - 10 март 1965) — македонски раскажувач и романописец.[1]

Животопис

Споменик на Стале Попов на Мостот на уметноста

Роден е на 25 мај 1902 година во малото село Мелница, Мариово, како трето од петте деца на манастирскиот слуга Илија Сталев. Набргу умрела мајка му Неда (1908) и малиот Стале останал на товар на татко му и не многу постарите деца - сестрата Трна и братот Ѓуро, а во меѓувреме умреле и двете деца помали од него. Татко му, кој цели 18 години бил манастирски слуга, станал поп во Витолиште и заедно со децата се преселил во ова најголемо и централно мариовско село. Тука, Стале го минал детството, години исполнети со тежок живот и многу мечти за поубава иднина при што помагал во домашните работи, одел по дрва во блиските планини, а во слободното време со другарите ловел риби во блиските реки. Исто така, во селото го започнал образованието кај учителот Бино, кого подоцна често ќе го споменува во неговите дела. На 14-годишна возраст, Стале Попов за првпат го напуштил Мариово и дошол во Прилеп, а потоа се вработил во Плетвар. Во Балканските војни, додека вујко му Јован Ѓуров бил кмет во Витолиште, малиот Стале бил помошник-писар.[2] Во Прилеп, Стале Попов се запишал во гимназија, но поради војните го прекинал школувањето, а завршил богословија во Битола, а подоцна дипломирал на Теолошкиот факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не се запопил, а пред Втората светска војна работел како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, бакал, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар и тутунски работник.[3]

По завршувањето на училиштето и отслужувањето на воениот рок, Попов се вработил во општината во Битола, а потоа и како писар во Духовниот суд во овој град, со надеж да се запопи и да го замени татка си на парохијата. Но, набргу умрела жена му и по два месеца службување, тој ја напуштил Битола и се вратил во родниот крај да се грижи за своите мали деца. Но, како последица на неговиот немирен дух, во 1930 година пак го напуштил Мариово и се преселил во Прилеп каде што се вработил во Пореската управа. И оттука бил отпуштен и кон крајот на истата година бил преместен во Лесковац, каде што работел како полициски писар. Потоа, преминал на служба во Крушевац, а оттаму пак се вратил во Битола, а потоа ја напуштилл Македонија и заминал во Белград, каде што се вработил како висок службеник во Општото одделение на Собранието на Кралството Југославија. Претчувствувајќи го она што набргу ќе се случи, точно на 27 март 1941 година го напуштил Белград и се вратил во родното Мариово.[2]

Во текот на НОБ, Попов го помагал партизанското движење, додека за време на бугарската окупација на Македонија бил интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата, Стале Попов станува претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, потоа работел како управник на Шумската дирекција, а во 1948 година се вработил како професор по руски јазик во гимназијата „Цветан Димов“ во Скопје. Меѓутоа, кога фондот на часовите по овој предмет бил намален, Стале Попов минал на работа во основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде предавал македонски јазик, историја, биологија и руски јазик. Од ова работно место, тој се пензионирал во септември 1959 година. По неуспешното лечење во Интерното одделение на Градската болница во Скопје (октомври 1964) и во Нишка Бања (јануари 1965), Стале попов починал во Скопје на 10 март 1965 година.[2]

Творештво

Мелничкиот манастир Св. Илија и разрушената куќа на Стале Попов се единствените остатоци од село Мелница. Селото е запустено од нападите на андртските чети во почетокот на XX век

Стале Попов започнал многу рано да пишува, но како писател се оформил непосредно по Втората светска војна. Првите раскази „Мице Касапче“ и „Петре Андов“ ги објавил во списаниетоСовременост“. Вистинска литературна афирмација доживеал со својот прв романКрпен живот“ (1953) чиј втор дел излегол во 1954 година. Веднаш потоа напишал низа дела и станал еден од најплодните романописци и раскажувачи во македонската книжевност. Во 1953 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија. Тој е автор и на следниве дела: „Итар Пејо“ (раскази, 1955), „Толе Паша“ (роман, 1956), „Опасна печалба“ (подолга проза, 1956), „Калеш Анѓа“ (роман, 1958), „Дилбер Стана“ (роман, 1958), „Мариовскиот панаѓур“ (новела, 1961), „Помеѓу небото и земјата“ (раскази, 1963), „Шаќир војвода“ (романсирана биографија, 1966), „Необично дете“ (роман, 1966), „Доктор Орешкоски“ (роман, 1966), „Ловечки приказни“ (во текот на повеќе години). Неговите собрани дела биле објавени во неколку наврати: 1966 (12 тома), 1976 (12 тома) и 1987 (4 тома). Во спомен на неговото дело, во 1975 година била воспоставена годишната награда „Стале Попов“ која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.[4][5]

Поврзано

Наводи

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 209 - 210.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Поговор“, во: Стале Попов, Раскази, Наша Книга, Скопје, 1988, стр. 171.
  3. „Официјално мрежно место на Друштвото на писателите на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2010-03-06. Посетено на 2010-12-20.
  4. „Биографија“, во: Стале Попов, Калеш Анѓа, Просветно дело, Редакција Детска радост Скопје, 2017, стр. 209.
  5. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 5.

Надворешни врски


Read other articles:

福岡市立壱岐南小学校 北緯33度33分15.9秒 東経130度18分52.9秒 / 北緯33.554417度 東経130.314694度 / 33.554417; 130.314694座標: 北緯33度33分15.9秒 東経130度18分52.9秒 / 北緯33.554417度 東経130.314694度 / 33.554417; 130.314694国公私立の別 公立学校設置者 福岡市設立年月日 1975年4月1日共学・別学 男女共学学期 3学期制学校コード B140213000998 小学校コード 101 [...

 

أخبار مكةأخبار مكة وما جاء فيها من الآثارمعلومات عامةالمؤلف الأزرقياللغة العربية تعديل - تعديل مصدري - تعديل ويكي بيانات أخبار مكة وما جاء فيها من الآثار ألفه الحافظ أبو الوليد محمد بن عبد الله بن أحمد الأزرقي وهو من كتب تاريخ مكة وما جاء فيها من الآثار، يقدّم معلومات مفصّل...

 

U2 360° Tour Tournee van U2 Ter promotie van No Line On The Horizon Begindatum 30 juni 2009 Beginplaats Barcelona Einddatum 30 juli 2011 Eindplaats Moncton (Canada) Concertreeksen 4 Aantal concerten 76 Vorige tournee Vertigo Tour Volgende tournee Innocence + Experience Tour Portaal    Muziek Amsterdam ArenA, 20 juli 2009 Amsterdam ArenA, 20 juli 2009 Amsterdam ArenA, 20 juli 2009 De U2 360° Tour was een concertreeks van de Ierse band U2. De naam van deze tournee was afgeleid van d...

Artikel atau sebagian dari artikel ini mungkin diterjemahkan dari Elvis Presley di en.wikipedia.org. Isinya masih belum akurat, karena bagian yang diterjemahkan masih perlu diperhalus dan disempurnakan. Jika Anda menguasai bahasa aslinya, harap pertimbangkan untuk menelusuri referensinya dan menyempurnakan terjemahan ini. Anda juga dapat ikut bergotong royong pada ProyekWiki Perbaikan Terjemahan. (Pesan ini dapat dihapus jika terjemahan dirasa sudah cukup tepat. Lihat pula: panduan penerjemah...

 

Fred Everiss managed West Bromwich Albion from 1902 to 1948—the longest managerial reign of all time. The longest managerial reign in association football belongs to Englishman Fred Everiss, who was manager of Football League team West Bromwich Albion for over 45 years, starting his reign in 1902 and ending when he retired in 1948.[1] The longest post-war reign belongs to Frenchman Guy Roux, who managed Auxerre in three separate reigns totalling 44 years, taking them from France's f...

 

Place in Limassol District, CyprusKolossiView of Kolossi from Kolossi CastleKolossiCoordinates: 34°40′14″N 32°56′01″E / 34.67056°N 32.93361°E / 34.67056; 32.93361Country CyprusDistrictLimassol DistrictPopulation (2011)[1] • Total5,651Time zoneUTC+2 (EET) • Summer (DST)UTC+3 (EEST)Postal code4632Websitewww.kolossi.net Kolossi (Greek: Κολόσσι [locally [koˈlosːi]]) is a village on the outskirts of Lima...

Artikel ini membutuhkan judul dalam bahasa Indonesia yang sepadan dengan judul aslinya. Dirk Nowitzki, salah satu power forward NBA. Power forward (strong forward atau big forward) adalah posisi dalam permainan bola basket yang diisi oleh salah satu pemain berpostur tinggi dan kuat.[1] Salah satu tugas utama power forward adalah menangkap bola yang memantul dari ring (rebound) baik dalam keadaan bertahan maupun menyerang.[1] Dibandingkan dengan small forward, posisi ini akan b...

 

Кобальчинська Романа РоманівнаВовчовська Романа РоманівнаНародилася 10 червня 1946(1946-06-10)Ходорів, Львівська область, УРСРПомерла 17 жовтня 2013(2013-10-17) (67 років)Київ Україна·ракПоховання Лісове кладовищеГромадянство  СРСР→ УкраїнаДіяльність етнограф мистецтвознавец...

 

Krishna MaharajPotrait MaharajLahirKrishna Nanan Maharaj26 Januari 1939 (umur 84)Desa Diamond, Daerah Victoria, Trinidad dan TobagoKebangsaanInggrisTrinidadNama lainKris MaharajWarga negaraInggrisTrinidadPekerjaanPebisnisHukuman kriminalPenjara seumur hidupStatus kriminalDikurung di Rumah Tahanan Florida SelatanSuami/istriMarita MaharajOrang tuaDolly Nanan Maharaj (ibu)Nanan Maharaj (ayah)KerabatRamesh Maharaj (saudara)Roopnarine Rambachan (saudara ipar)AlasanPembunuhan tingkat pert...

1999 studio album by Ornatos VioletaO Monstro Precisa de AmigosStudio album by Ornatos VioletaReleased22 November 1999[1]GenreAlternative rockLength48:30Label Polydor Universal Music Portugal Rastilho Records ProducerMário Barreiros[1]Ornatos Violeta chronology Cão!(1997) O Monstro Precisa de Amigos(1999) Singles from O Monstro Precisa de Amigos Ouvi Dizer Capitão Romance Chaga O Monstro Precisa de Amigos is the second studio album by Portuguese band Ornatos Violeta...

 

Artikel ini bukan mengenai Daftar kabupaten dan kota di Maluku. Lambang Provinsi Maluku Utara Peta lokasi Provinsi Maluku Utara di Indonesia Peta lokasi kabupaten dan kota di Maluku Utara Berikut daftar kabupaten dan/atau kota di Maluku Utara No. Kabupaten/kota Ibu kota Bupati/wali kota Luas wilayah (km2)[1] Jumlah penduduk (2017)[1] Kecamatan Kelurahan/desa Lambang Peta lokasi 1 Kabupaten Halmahera Barat Jailolo James Uang 1.704,20 132.427 8 -/169 2 Kabupaten Halmahera Selata...

 

فرانز ليست (بالمجرية: Liszt Ferenc)‏  معلومات شخصية اسم الولادة (بالألمانية: Franz Liszt)‏  الميلاد 22 أكتوبر 1811(1811-10-22)رايدنغ، النمسا الوفاة 31 يوليو 1886 (74 سنة)بايرويت سبب الوفاة ذات الرئة  مواطنة مملكة المجر الإمبراطورية النمساوية الإمبراطورية النمساوية المجرية  الديانة الكن

iOS 8Berkas:IOS 8 Homescreen.pngPerusahaan / pengembangApple Inc.KeluargaiOSModel sumberTertutup, dengan komponen open-sourceRilis kemanufaktur2 Juni 2014Dukungan platformiPhone 4S, iPhone 5, iPhone 5C, iPhone 5S, iPhone 6, iPod Touch (5th generation), iPad 2, iPad (3rd generation), iPad (4th generation), iPad Air, iPad Air 2, iPad Mini (1st generation), iPad Mini (2nd generation), iPad Mini 3Kernel typeHybrid (XNU)LisensiProprietary EULA kecuali komponen open-sourcePendahuluiOS 7Situs w...

 

El Embarcadero redirects here. For the TV series, see El embarcadero (TV series). Port in the San Francisco Bay Port of Redwood CityAerial view of the Port of Redwood CityClick on the map for a fullscreen viewLocationCountryUSALocationRedwood City, CaliforniaCoordinates37°30′48″N 122°12′31″W / 37.5132701°N 122.2085765°W / 37.5132701; -122.2085765[1]DetailsOpened1850; 173 years ago (1850)Operated byPort CommissionType of harbourNatu...

 

Александр Іностранцев Народився 12 (24) липня 1843Санкт-Петербург, Російська імперія[1]Помер 31 грудня 1919(1919-12-31)[1] (76 років)Петроград, Російська СФРР[1]Поховання Смоленський лютеранський цвинтарd :  Країна  Російська імперія Російська республіка Росій...

Colombian presidential election, 1982 1982 Colombian presidential election ← 1978 30 May 1982 1986 →   Nominee Belisario Betancur Alfonso López Michelsen Party Conservative Liberal Home state Antioquia Bogotá Popular vote 3,189,278 2,797,627 Percentage 46.75% 41.01% Winner by department President before election Julio César Turbay Ayala Liberal Elected President Belisario Betancur Conservative This article is part of a series on thePolitics ofColombia G...

 

В Википедии есть статьи о других людях с фамилией Митюшкин. Александр Иванович Митюшкин Дата рождения 1913(1913) Место рождения Ивановка, Таганрогский округ, область Войска Донского, Российская империя Дата смерти 1963(1963) Место смерти СССР Гражданство  СССР Подданств...

 

人質救出チームHostage Rescue Team エンブレム活動期間 1983年8月 (1983-08) – 現在[1]国・地域  アメリカ所属機関 連邦捜査局種類 警察戦術部隊職務内容 法執行 対テロ作戦 特殊作戦 上位部署 重大事件対応群(英語版)(CIRG)本部 アメリカ合衆国・ヴァージニア州クワンティコ標語 Servare VitasTo save lives(人命を守るために)略称 HRT組織構成隊員数 50人 (1983年)100人 (1996...

US soldier and Medal of Honor recipient (1919–2006) Desmond DossDoss about to receive the Medal of Honorin October 1945Birth nameDesmond Thomas DossBorn(1919-02-07)February 7, 1919Lynchburg, Virginia, U.S.DiedMarch 23, 2006(2006-03-23) (aged 87)Piedmont, Alabama, U.S.BuriedChattanooga National Cemetery, Chattanooga, TennesseeAllegiance United States of AmericaService/branch United States ArmyYears of service1942–1946Rank CorporalService number33158036UnitCompany B, 1st...

 

2018 single by Azealia Banks Anna WintourSingle by Azealia BanksReleasedApril 6, 2018 (2018-04-06)Recorded2017-2018Genre House R&B Length4:33LabeleOneChaos & GlorySongwriter(s)Azealia BanksEugenio SanchezDorian StricklandKevin JamesShugProducer(s)Junior SanchezAzealia Banks singles chronology Escapades (2017) Anna Wintour (2018) Treasure Island (2018) Music videoAnna Wintour on YouTube Anna Wintour is a song recorded by American singer and rapper Azealia Banks. It was r...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!