Леополд Седар Сенгор

Леополд Седар Сенгор
Леополд Седар Сенгор


Мандат
6 септември 1960 – 31 декември 1980
Претходник Француска влада
Следбеник Абду Диуф

Роден 9 октомври 1906
Сенегал Жоал, Сенегал
Починал 20 декември 2001
Франција Нормандија, Франција
Партија Социјалистичка партија на Сенегал
Професија поет, културен теоретичар
Религија Римо-католик

Леополд Седар Сенгор (9 октомври 1906 - 20 декември 2001) — сенегалски поет, политичар, културен теоретичар и прв претседател на Сенегал во периодот од 1960 до 1980 година. Сенгор е првиот африканец кој е избран за член на 'Француската Академија'. Основач е и на политичката партија позната под името Сенегалски Демократски Блок. Почитуван е како еден од најголемите африкански интелектуалци на дваесеттиот век. Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1975 г[1].

Животопис

Ран живот: 1906-1928

Леополд Седар Сенгор е роден на 9 октомври 1906 година во малиот крајбрежен град Жоал, стотина километри оддалечен од Дакар, како едно од шесте деца на Базил Џогој Сенгор, земјопоседник од аристократското племе Серер, малцинска група во Сенегал, и Гнилан Н'Дјеме Баку. Неговото второ име Седар значи „Оној што нема да биде понижен“.

Во 1922 оди во Дакар каде треба да учи богословија. Но откако му е кажано дека религиозниот живот не е за него, се префрла во секуларно училиште. Уште од тогаш страсно чита француска литература. Особено се истакнува на часовите по француски, латински, грчки и алгебра. Откако го завршува средното училиште добива стипендија за студиите да ги продолжи во Франција.

"Шеснаесет години лутање": 1928-1944

Во 1928 Сенгор го напушта Сенегал и заминува во Франција, започнувајќи го периодот на, според него, "шеснаесетгодишното лутање." Најпрво оди на Сорбона, но брзо се откажува. Сепак, на крајот дипломира на Парискиот Универзитет, каде се здобива со диплома по француска граматика. Доделено му е и професорско место на универзитетите во Туре и Париз во периодот од 1935-1945.

Во 1939 година Сенгор се придружува на француската армија со титула офицер во рамките на 59тата пешадиска дивизија, но само по една година е заробен од Германците. Префрлан е во неколку различни кампови, за на крајот да биде сместен во Фронт Сталаг 230 во Поатје, логор резервиран за пешадиските трупи заробени во текот на војната. Германските војници сакале, заедно со останатите црнци-воени заробеници, да го егзекутираат уште истиот ден, но оваа судбина Сенгор и останите ја избегнуваат извикувајќи "Vive la France, vive l'Afrique noire!" Војниците решиле да не преземат толку ригорозен акт откако еден француски офицер им објаснил дека таква расистичка постапка потполно ќе ја посрами ариевската раса и обесчести Германската армија. Вкупно, Сенгор минува две години низ разни кампови; најголем дел од времето таму, тој го минува пишувајќи песни. Во 1942 година е пуштен на слобода поради влошено здравје. До крајот на војната тој останува на својата професорска функција, притоа активно помагајќи му и на Движењето на Францускиот Отпор.

Политичка кариера: 1945-1982

Колонијална Франција

По крајот на војната, Сенгор станува декан на École Nationale de la France d'Outre-Mer на отсекот Лингвистика, позиција на која ќе остане сè до 1960 година, кога Сенегал се здобива со независност. На покана од локалниот водач на социјалистите, Ламин Гај, Сенгор станува член на Долниот Дом на Францускиот Парламент, и тоа како заменик-претставник на Сенегал-Мавританија, во период кога секоја од француските колонии имала право да номинира свој претставник во собранието. Кога кондукторите на железничката линија Дакар-Нигер започнуваат штрајк, Сенгор, за разлика од Гај кој смета дека нивното неработење ќе ја парализира колонијата, јавно ги поддржува и се здобива со голема популарност меѓу Сенегалците.

Во ноември 1956 година станува градоначалник на Тјес во Сенегал а потоа и советодавен министер во владата на Мишел Дебре од 23 јули 1959 до 19 мај 1961. Член е и на комисијата задолжена за подготвување на нацрт-планот за уставот на Петтата Република, генерален одборник за Сенегал, член на Главниот Одбор на Француска Западна Африка и член на парламенатарното заседание на Европскиот Совет.

Во меѓувреме се венча двапати - вториот пат во 1957 година со французинката Колет Хуберт. Во 1964 година ја издава својата прва збирка поезија со наслов Chants d'ombre („Песни од течнината“).

Сенегал

Сенгор е приврзаник на федерализмот за ново-востановените африкански држави, еден тип на "Француски Комонвелт". Федерализмот не е поддржан од државите, поради што Сенгор, заедно со Модибо Кеита, ја формира Федерацијата Мали заедно со поранешен Француски Судан (современ Мали). Сенгор е претседател на Федералното Собрание сè до неговиот распад во 1960 година. Потоа, на 5 септември 1960 година, избран е за прв претседател на Сенегал. Тој е автор на Сенегалската државна химна, Pincez Tous vos Koras, Frappez les Balafons (Le Lion Rouge). Премиерот Мамаду Диа е одговорен за внатрешниот развој на Сенегал, а самиот Сенгор е задолжен за надворешните врски. За кратко време, двајцата се разијдуваат во своите ставови. Во декември 1962 година Мамаду Диа е уапсен под обвинение дека подготвува државен удар. Во затвор останува дванаесет години. На 22 март 1967 година, Сенгор успева да избегне атентат. На осомничениот му е одредена смртна казна.

Ја напушта позицијата во 1980 година, пред крајот на неговиот петти мандат. Абду Диуф го заменува на чело на државата. За време на неговото претседателство, Сенегал започнува повеќе-партиски систем (во пракса ограничен на три струи: социјалисти, комунисти и либерални) и развиен образовен систем. Сенгор често, но погрешно, се гледа како демократ; напротив, тој наметнува едно-партиски систем, па дури и насилно прекинува неколку студентски сојузи.

Франкофонија

Сенгор го поддржува формирањето на Франкофонијата и е избран за заменик-претседател на нејзиното високо собрание, на чијшто чело е тогашниот претседател на Франција, Франсоа Митеран.

Во 1982 година, тој е еден од основачите на организацијата за соработка меѓу Франција и земјите во развој чија цел е да се навлече светското внимание на земјите од третиот свет во еден период на промени кои особено влијаат врз нив.

Француска Академија: 1983-2001

Избран е за член на Француската Академија на 2 јуни 1983 година. Станува првиот Африканец што има ваква чест. Церемонијата по повод неговиот избор се одржува на 29 март 1984 во присуство на тогашниот француски претседател Франсоа Митеран. Со овој потег, Академијата го прави еден од првите чекори кон широкото отворање на нејзините врати, со оглед на фактот дека пред Сенгор нејзин член станува и првата жена - Маргарит Јурсенар. Во 2005 година, член на оваа престижна установа станува алжирската писателка Асја Џебар, а во 2011 година, франко-либанскиот писател Амин Маалуф.

Смрт

"Je ne suis pas sûr de mourir. Et si c'était ça l'enfer?" ("Не сум сигурен дека ќе умрам. Можеби ова е пеколот?") ќе рече еднаш Сенгор во 1996 година.

Послените години од својот живот, Сенгор ги минува во гратчето Версон, Нормандија, каде и умира на 20 декември 2001 година. Неговиот погреб се одржува по девет дена во Дакар. Жак Ширак и Лионел Жоспин, претседателот и премиерот на Франција не присуствуваат на погребот. Овој потег е оценет како недостатно искажување на почит кон големиот сенегалски водач. По повод оваа постапка на француската делегација, научникот Ерик Орсена во влијателниот весник Le Monde ќе напише текст со наслов: "J'ai honte" („Јас сум засрамен“).

Оставнина

Иако социјалист, Сенгор го одбегнува марксизмот и анти-западната идеологија популарна во африканскиот свет, и наместо тоа ги поддржува и одржува блиските врски со Франција и западните земји. Ова се смета како негово најголемо достигнување и како единствена причина што Сенегал е една од ретките африкански земји во кои се нема случено државен удар и во која власта секогаш се предава по мирен пат. Сенгор развива еден посебен тип на Африкански социјализам, алтернатива на марксизмот, создадена под влијание на неговата лична филозофија на негритудата.

Местото со број 16 во француската академија е оставено празно по смртта на големиот сенегалски поет. Сепак, по некое време е пополнето од еден исто така поранешен претседател - Валери Жискар Дестен.

Почести

Сенгор прима голем почести во текот на својот живот. Го прима Големиот Крст на Légion d'honneur, Големиот Крст на Ordre national du mérite и Големиот Крст на l'Ordre du lion du Sénégal. Добива неколку воени ордени, а е прогласен и за почесен доктор на 37 универзитети. Добитник е на дваесетина поетски награди, меѓу кои и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

Меѓународниот Универзитет на француски јазик во Александрија, отворен 1990 година, го носи неговото име, исто како и меѓународниот аеродром во Дакар - Dakar-Yoff-Léopold Sédar Senghor International Airport.

Поезија

Неговата поезија е високо ценета и се смета за еден од врвните дострели на африканската литература, поради што во 1975 година се закитува со Златниот Венец на Струшките вечери на поезијата, а три години подоцна ја добива и Prix mondial Cino Del Duca (Светската награда на Сино Дел Дука). Неговата позната песна A l'appel de la race de Saba објавена во 1936 година, инспирирана е од влезот на италијанските трупи во Адис Абеба. Во 1948 Сенгор го комплетира и уредува томот посветен на франкофонската поезија Anthologie de la nouvelle poésie nègre et malgache за кого Жан-Пол Сартр пишува предговор со наслов "Orphée Noir" (Црн Орфеј).

На неговата надгробна плоча се врежани стиховите од една негова песна:

Quand je serai mort, mes amis, couchez-moi sous Joal-l'Ombreuse.
Sur la colline au bord du Mamanguedy, près l'oreille du sanctuaire des Serpents.
Mais entre le Lion couchez-moi et l'aïeule Tening-Ndyae.
Quand je serai mort mes amis, couchez-moi sous Joal-la-Portugaise.
Des pierres du Fort vous ferez ma tombe, et les canons garderont le silence.
Deux lauriers roses-blanc et rose-embaumeront la Signare.
Кога ќе умрам, пријатели, положете ме во сенките на Жоал,
На ридот крај брегот на Мамангеди, со уво прилепено до светилиштето на Змиите.
Меѓу Лавот, положете ме, и прародителката Тенинг-Н'Дјај.
Кога ќе умрам, пријатели, положете ме во темелите на португалскиот Жоал.
Изградете го мојот гроб со камења од неговата тврдина, а топовите нека молчат.
Мирисот на две ловорови ружи - бела и розова - нека ја опојува Сињарката.

Негритуда

Со Еме Сезар и Леон Дамас, Сегнор го воспоставува концептот на Негритудата, важно интелектуално движење кое има за цел да ги утврди и валоризира особените африкански одлики, вредности и естетика. Основано е како реакција на силното француско влијание врз африканските колонии и против востановеното верување дека африканската нација нема доволно развиена култура за да може да се спореди со европската. Сенгор, откако ги идентификува врските меѓу црна Африка и древен Египет, расправа за тоа дека под-сахарска Африка и Европа се всушност дел од еден единствен културен континуум кој се протега од Египет до Грција, преку Рим до европските колонијални сили. Сепак Négritude не е - иако најчесто е сфатено како такво - расистичко движење насочено против културата на белците, туку напротив, движење кое го нагласува значењето на меѓу-културниот дијалог и размената на позитивните одлики на различните култури[2].

Библиографија

Поетски дела на Сенгор

  • Chants d'ombre (Песни од темнината) (1945)
  • Hosties noires (Црната причесна) (1948)
  • Anthologie de la nouvelle poésie nègre et malgache (Антологија на новата црнечка и малгашка поезија)(1948)
  • Éthiopiques (Етиопски песни) (1956)
  • Nocturnes (Вечерни) (1961)
  • Lettres de d'hivernage (Писма од ивернажот) (1973)
  • Élégies majeures (Виши елегии) (1979)
  • Poèmes divers (Различни песни) (1990)

Поетски дела на Сенгор на македонски

  • Поезија Златен венец, Струга (1975)

Теоретски дела на Сенгор

  • Nation et voie africaine du socialisme (1961)
  • Pierre Teilhard de Chardin et la politique africaine (1962)
  • Liberté 1 : Négritude et humanisme, discours, conférences (1964)
  • Liberté 2 : Nation et voie africaine du socialisme, discours, conférences (1971)
  • Liberté 3 : Négritude et civilisation de l’Universel, discours, conférences (1977)
  • La poésie de l'action : conversation avec Mohamed Aziza (1980)
  • Liberté 4 : Socialisme et planification, discours, conférences (1983)
  • Ce que je crois (1988)
  • Liberté 5 : Le Dialogue des cultures (1992)

Надворешни врски

Наводи

  1. „Léopold Senghor“. Архивирано од изворникот на 2021-01-20. Посетено на 2021-02-03.
  2. „Léopold Sédar Senghor“. Архивирано од изворникот на 2021-02-06. Посетено на 2021-02-03.

Read other articles:

Bagian dari Alkitab KristenPerjanjian BaruLukas 7:36-37 pada Papirus 3 Injil Matius Markus Lukas Yohanes SejarahKisah Para Rasul Surat Surat-surat Paulus Roma 1 Korintus 2 Korintus Galatia Efesus Filipi Kolose 1 Tesalonika 2 Tesalonika 1 Timotius 2 Timotius Titus Filemon Ibrani Surat-surat umum Yakobus 1 Petrus 2 Petrus 1 Yohanes 2 Yohanes 3 Yohanes Yudas ApokalipsWahyu Perjanjian Lama Portal Kristenlbs Bagian dari sebuah serial dari artikel-artikel tentangYohanes dalam Alkitab Kesus...

 

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (ديسمبر 2018) زكريا المستعصم بالله زكريا بن إبراهيم بن محمد بن أحمد بن حسن بن أبي بكر بن حسن بن علي القبي بن الفضل بن أحم...

 

Dipartimento di AndalgaládipartimentoDepartamento Andalgalá LocalizzazioneStato Argentina Provincia Catamarca AmministrazioneCapoluogoAndalgalá TerritorioCoordinatedel capoluogo27°36′S 66°19′W / 27.6°S 66.316667°W-27.6; -66.316667 (Dipartimento di Andalgalá)Coordinate: 27°36′S 66°19′W / 27.6°S 66.316667°W-27.6; -66.316667 (Dipartimento di Andalgalá) Altitudine954 m s.l.m. Superficie4 497 km² Abitanti17 10...

This article is about the series. For the first game in the series to be branded Zero Escape, see Zero Escape: Virtue's Last Reward. Video game seriesZero EscapeSeries logoGenre(s)Visual novel, adventure, escape the roomDeveloper(s)Spike Chunsoft, ChimePublisher(s)JP/WW: Spike ChunsoftNA/EU: Aksys GamesEU: Rising Star Games[a]Artist(s)Kinu NishimuraRui TomonoWriter(s)Kotaro UchikoshiComposer(s)Shinji HosoePlatform(s)Nintendo DS, Nintendo 3DS, PlayStation Vita, PlayStation 4, iOS, Wind...

 

هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (مايو 2020) وكالة صحة الحيوان والنبات تفاصيل الوكالة الحكومية البلد المملكة المتحدة  تأسست 2014 (2014) المركز United Kingdom الإدارة موقع الويب www.gov.uk/government/organisations/animal-and-plant-heal...

 

يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (يوليو 2021) الأمل الرياضي بجربة شعار الأمل الرياضي بجربة الاسم الكامل الأمل الرياضي بجربة(بالفرنسية:Espoir Sportif de Jerba Midoun)

System of state administration on a local level in England For the history of local government in England, see History of local government in England. For the political make-up of local authorities, see Political make-up of local councils in the United Kingdom. Joint-board redirects here. For the U.S. military's Joint Army and Navy Board, also known as the Joint Board, see Joint Chiefs of Staff. The local authorities of England: unitary authorities (pink), metropolitan boroughs (purple), non-...

 

This article relies largely or entirely on a single source. Relevant discussion may be found on the talk page. Please help improve this article by introducing citations to additional sources.Find sources: Montenegro at the 2023 World Athletics Championships – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (August 2023) Sporting event delegationMontenegro at the2023 World Athletics ChampionshipsFlag of MontenegroWA codeMNEin Budapest, Hungary19 August...

 

Cet article est une ébauche concernant la Seine-Maritime et les réserves naturelles et autres zones protégées. Vous pouvez partager vos connaissances en l’améliorant (comment ?) selon les recommandations des projets correspondants. Vallon du Vivier La réserve naturelle du Vallon du Vivier est un espace naturel protégé situé sur la commune de Tancarville en Seine-Maritime. Cette réserve naturelle d'environ huit hectares est constituée de marais autour de la rivière de Tancar...

Indian theater, film and television actress Suhas JoshiBornSuhasini Joshi (1947-07-14) 14 July 1947 (age 76)[1]Maharashtra,IndiaNationalityIndianOccupationActressYears active1972–presentSpouseSubhash Joshi Suhasini Joshi, popularly known by her screen name Suhas Joshi, is a Marathi theater, film and television actress. She is also seen in many Bollywood films. She was awarded the Sangeet Natak Akademi Award for 2018 for Acting. She is better known for her role in Mumbai-Pu...

 

2017 Australian law legalising same-sex marriage Marriage Amendment (Definition and Religious Freedoms) Act 2017Parliament of Australia Long title An Act to amend the law relating to the definition of marriage and protect religious freedoms, and for related purposes CitationNo. 129, 2017Territorial extentAustraliaEnacted byParliament of AustraliaEnacted7 December 2017Royal assent8 December 2017Commenced9 December 2017Legislative historyIntroduced bySenator Dean SmithFirst reading15 Novem...

 

American sports team owner (1928–2014) Malcolm GlazerGlazer at the Buccaneers' Super Bowl parade in 2003BornMalcolm Irving Glazer(1928-08-15)August 15, 1928Rochester, New York, U.S.DiedMay 28, 2014(2014-05-28) (aged 85)Palm Beach, Florida, U.S.OccupationBusinessmanSpouse Linda Glazer ​(m. 1961)​Children6, including Avram Glazer, Bryan Glazer and Joel Glazer Malcolm Irving Glazer (August 15, 1928 – May 28, 2014) was an American businessman and sports ...

2022 film by Halina Reijn This article's lead section may be too short to adequately summarize the key points. Please consider expanding the lead to provide an accessible overview of all important aspects of the article. (June 2023) Bodies Bodies BodiesTheatrical release posterDirected byHalina ReijnScreenplay bySarah DeLappeStory byKristen RoupenianProduced by David Hinojosa Ali Herting Starring Amandla Stenberg Maria Bakalova Myha'la Herrold Chase Sui Wonders Rachel Sennott Lee Pace Pete Da...

 

Elektrėnai Power PlantElektrėnai power plantOfficial nameLietuvos elektrinėCountryLithuaniaLocationElektrėnaiCoordinates54°46′15″N 24°38′34″E / 54.77083°N 24.64278°E / 54.77083; 24.64278StatusOperationalConstruction began1960Commission date1972Owner(s)IgnitisOperator(s)Ignitis Gamyba ABEmployees700Thermal power stationPrimary fuelNatural gasSecondary fuelHeavy fuel oilTertiary fuelOrimulsionPower generation Units&...

 

American politician John Patterson JonesJones in 1820Member of the New York State Senatefrom the Second districtIn officeJanuary 1, 1835 – December 31, 1838Preceded byDavid M. WestcottSucceeded byDaniel Johnson Personal detailsBorn1779Goshen, ConnecticutDied1856Monticello, New York John Patterson Jones (1779–1858) was an American politician from New York. He is well known for being the co founder of Monticello, New York and one of its most early residents.[1] Life Jon...

Untuk kompetisi tahun ini, lihat L-Men of The Year 2023. The New L-Men of The YearThe New L-Men of The YearTanggal pendirian2004; 18 tahun lalu (2004)TipeKontes priaKantor pusatJakarta, IndonesiaJumlah anggota Mister WorldMister SupranationalMister InternationalBahasa resmi Bahasa IndonesiaOrganisasi indukNutrifood IndonesiaSitus webhttp://www.l-men.com The New L-Men of The Year (atau lebih dulu dikenal sebagai L-Men of The Year, disingkat LoTY) adalah kontes pria yang diadakan oleh Nutr...

 

عبد الله العرادة معلومات شخصية اسم الولادة عبد الله متعب مسفر مرزوق العرادة الميلاد 1956 (العمر 66–67) الكويت الجنسية  الكويت الديانة مسلم الحياة العملية المدرسة الأم جامعة الكويت المهنة سياسي أعمال بارزة مدير مشروع غراس التربوي للعام 2005 تعديل مصدري - تعديل   عبد ال...

 

Sarv Mittra SikriKetua Hakim Mahkamah Agung IndiaMasa jabatan22 Januari 1971 – 25 April 1973 Informasi pribadiKebangsaanIndiaProfesiHakimSunting kotak info • L • B Sarv Mittra Sikri adalah hakim Mahkamah Agung India. Ia diangkat sebagai hakim di mahkamah tersebut pada tanggal 02 Maret 1964. Ia lalu terpilih sebagai Ketua Hakim Mahkamah Agung India pada tanggal 22 Januari 1971. Masa baktinya sebagai hakim di mahkamah tersebut kemudian berakhir pada tanggal 25 April 197...

The Gay Place First editionAuthorBilly Lee BrammerCountryUnited StatesLanguageEnglishGenrePolitical fictionPublisherHoughton MifflinPublication date1962Media typePrint (hardback & paperback) The Gay Place (1961) is a series of three novellas, with interlocking plots and characters, by American author Billy Lee Brammer. The novellas, published in a single book, include The Flea Circus, Room Enough to Caper and Country Pleasures. Set in an unnamed state identical to Texas, each novella...

 

Sino-Tibetan language group of Southeast Asia Lolo-BurmeseGeographicdistributionSouthern China and Southeast AsiaLinguistic classificationSino-TibetanTibeto-BurmanBurmo-Qiangic?Lolo-BurmeseSubdivisions Mondzish Burmish Loloish ? Mruic Glottologlolo1265 External image Map of the Lolo-Burmese Languages.[1] Ethnolinguistic groups in Yunnan, China Ethnolinguistic groups in Burma   Burmese   other Tibeto-Burman The Lolo-Burmese languages (also Burmic languages) of Burma...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!