Амир Ор (1 јули 1956, Тел Авив) – израелски поет, романописец и есеист, познат како главниот глас на новата генерација од светската книжевност, чии дела се издадени на 50 јазици.[1][2] Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2020 година.[2]
Автор е на 13 збирки поезија. Најновите книги на хебрејски се Пророштво на Лудиот (2012), Плен (избрани песни 1977–2013), Крилја (2015) и Дете.[1][2] Ор исто така објавил фиктивна епопеја во стихови, Песната на Тахира (2001) и новелата Кралството (2015) за животот на кралот Давид и современото општество.
Ор е роден во Тел Авив, во 1956 ггодина. Неговите баба и дедо емигрирале од Полска во 1930-тите и пристигнале во Израел како ционистички пионери. Тој е потомок на прославена династија рабини, меѓу кои Елимелех од Лежајск и Раши, чие семејно стебло се протега дури до царот Давид. Во неговите дваесетти, Ор живеел неколку години во Холандија и во Индија каде што учел медитација и техники за личен развој. По враќањето во Израел, тој основал центар за медитација и терапија, како и спиритуална заедница во Ерусалим. Студирал филозофија и компаративна религија на Еврејскиот универзитет во Ерусалим каде што и држел предавања за античката грчка религија.
Во 1987 г. Ор дебитира со Гледам низ очите на мајмунот за која ја добива книжевната награда „Хари Харшон“ на Еврејскиот универзитет. Неговите книги Лица (1991), Откупнина на мртвите (1994), Па! (1995) и Песна (1996) следат потоа. Објавил голем број написи, статии и есеи за книжевност, општество, компаративна религија и за класиците, а пишувал и книжевна колумна за „Хаарец“. Неговите избрани есеи Дискурс биле објавени во 2018 година. (Hakibutz Hameuhad publishers, TA).
Во 1990 година Ор го основал Друштвото Хеликон за напредок на поезијата во Израел. Во 1993 година ја формирал Арапско-еврејската поетска школа Хеликон, каде што развил пионерски интегрирани методологии за учење на творечко пишување. Ор предавал во Израел, САД, Европа и Јапонија. Во 2001 година го основал Меѓународниот поетски фестивал „Шаар“ и работел како негов уметнички директор.
Ор работел како главен уредник во списанието Хеликон, како и на серијата поетски збирки издадени подоцна. Бил уредник и на други книжевни списанија, како и на неколку антологии од хебрејски и на различни европски јазици. За неговите уреднички придонеси, тој е добитник на Наградата за уредништво на Министерството за култура во 2017 година.
Ор е национален координатор на проектот „Поети за мир“ поддржан од ОН, основач на Светското движење за поезија и на Европската асоцијација на програми за творечко пишување.
Ор е добитник на израелски и меѓународни поетски награди, како што се:
како и бројни стипендии од Универзитетот Ајова, Еврејскиот институт на Универзитетот Оксфорд, Фондацијата „Валпараисо“ од Шпанија, „Замок Хоторнден“ од Шкотска, Ирската фондација „Хајнрих Бел“, Фондацијата „Ле Трел“, како и „Прага, град на културата“ на УНЕСКО, меѓу другите.[2]
Струшки вечери на поезијата