Бел Камен (Леринско)

Бел Камен
Δροσοπηγή
Новата црква „Св. Троица“
Новата црква „Св. Троица“
Бел Камен is located in Грција
Бел Камен
Бел Камен
Местоположба во областа
Бел Камен во рамките на Лерин (општина)
Бел Камен
Местоположба на Бел Камен во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°41.21′N 21°27.15′E / 40.68683° СГШ; 21.45250° ИГД / 40.68683; 21.45250
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&100000000000011200000001.120 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно239
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.531 00

Бел Камен грчки: Δροσοπηγή, Дросопиги; до 1928 г. Μπελκαμένη, Белкамени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 239 жители (2011).

Географија

Селото е сместено 13 км јужно од Лерин, на Нередска Планина. Лежи на левиот брег на Белкаменска Река, во подножјето на врвот Вич над селата Долно и Горно Котори.

Историја

Во Отоманското Царство

Бел Камен првично било чисто македонско село, напуштено кон крајот на XVIII век поради поради зулумите на разбојничките банди.[3][4]

Камбанарија преостаната од старата црква „Св. Троица“.

Селото е обновено во 1844 г. од Албанци христијани (Тоски), преселници од селото Пеликат во Коничко, Епир, како и малобројни влашки семејства, исто така од Епир.[4][5] Во октомври 1842 г. браќата Георгиу и мајката на синовете на Стерљос од Пеликат добиле тапија за набавка на половината од земјиштето наречено Бел Камен, од неговиот сопственик Осман Исмаил-паша од Лерин за 5.000 гроша. Купувачите му платиле и уште 150 гроша на леринскиот управител Елма-бег и се задолжиле да плаќаат десеток на „законитите господари на земјата“. Другата половина од земјиштето на Бел Камен е купена од Костас Комацулис и Михаил Коте, но документот не е зачуван и цената е непозната. Четворицата купувачи делувале во името на многу семејства од Пеликат и од други села во Колоња (денес во Албанија), кои решиле да се иселат поради зулумите и тиранијата на месните муслимани.[6]

Селото е изградено со правилен план, па дури и со канализација, која е зачувана и денес. Куќите биле големи и направени од камен, и имале два или три ката, камени покривни плочи и внатрешни дворови, а улиците биле широки[6] и поплочени.[7] Во 1853 г. на големиот централен плоштад е изградена црквата „Св. Троица“.[5][6][7] Грчката пропаганда почнала да работи рано, бидејќи училиштето е изградено уште во 1864-1868 г.[5][7], иако грчките чувства на населението веројатно се развиле уште додека биле под пропаганда во Епир. Жителите ги долене своите традиционални занаети од Епир и претежно се занимавале со градителство, каменоделство[6] и копаничарство.[5] Работеле обично на печалба,[6] онаму кајшто се барале нивните услуги — во Негуш, Бер, Кожани, Серфиџе,[5] но работеле и во Романија, а некои дури и во Русија. Тајфата на Јоанис Стилијанидис (Стилијанос, Стилос) го изградила манастирот „Симонопетра“ на Света Гора.[5][6] Истата тајфа од 1881 до 1900 г. ја изградила големата главна црква на рускиот светогорски скит „Св. Андреја“.[5] Мајсторите од Бел Камен се одговорни за изградбата на бројни училишта, банки, цркви, мостови и куќи во Леринско. На пример, убавите камени зданија во Невеска се нивно дело.[6] Селото дало многу зографи — Стерјос и Томас Зографос, Атанасиос и Харисиос Харисис, Константинос Ѕјаѕиос, Анастасиос Стилијадис и Стилијанос Стилијадис (1850 – 1910), познат како Силјианос Зограф.[5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Бел Камен (Bel kamen) е наведен двапати — еднаш како село во Леринската каза со 80 домаќинства и 260 жители Македонци и вторпат како село во Костурската каза со 100 домаќинства и 310 жители Албанци, што веројатно е точниот податок.[8][9]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал опис Бел Камен, но испуштајќи го албанското население:

Источно од Невеска и североисточно од Клисура, на 5 12 часа растојание се наоѓа новооснованото село Бел Камен. Во него има 12-14 влашки куќи. Жителите се сточари и чергари; има изобилство од вода; населението секојдневно се зголемува. Во селото има една мала црква и свештеник.[10]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бел Камен имал 560 жители Арнаути и 100 жители Власи.[11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 100 Власи и 560 Албанци и работело влашко училиште со двајца учители и 26 ученици.[12]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бел Камен се води како мешано албанско-влашко село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 130 куќи.[13]

Според грчки податоци во Бел Камен имало 150 „албанојазични“ и 55 „влахојазични“ семејства со грчка национална свест. Сите жители биле приврзаници на Цариградската патријаршија и селото било упориште на гркоманските андарти кои војувале против македонските чети на МРО.[6][7]

Во Грција

Панорама на Бел Камен, 1918 г.

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од грчка војска. Во Втората балканска војна на почетокот на јули 1913 г. грчката војска ја поразила Зборната партизанска дружина на Македонско-одринските доброволни чети, во што загинал и нејзиниот командант Васил Чакаларов. По војната, истата 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 1.364 жители. Во 1920 г. бројот опаднал на 770 лица поради иселување во странство.[3]

Во 1926 г. со средства на Шумската управа е изградена нова двокатна училишна зграда со четири училници.[6] Во 1928 г. во селото живееле 752 лица. Истата година Бел Камен е преименуван во Дросопиги, што значи „студен извор“.[14] Изграден е и голем камен мост, широк 4 м. и покриен со калдрма.[6]

Пред почетокот на Втората светска војна во 1940 г. селото броело 765 жители; оваа стагнација и намалување се должеле на фактот што ѕидарскиот занает на населението подразбира постојано преместување во други градови и земји кајшто има работа.[3] На 3 април 1944 г. германските единици, доаѓајќи од Горно Котори, паднале во засада под Бел Камен (на местото на денешното село), поставена од партизански одред. Заробени се 5 Германци, а партизаните имале еден убиен. Заробените Германци се одведени во Бел Камен и погубени.[6] Стравувајќи од германска освета, уште истиот ден населението на Бел Камен решило да го напушти селото, во кое останале само старците. Изутрината на 4 април германски единици го обиколиле селото, го опљачкале, а потоа го опожариле. Изгореле училиштето и црквата, од која денес е останата само камбанаријата.[6]

Селаните потоа се повратиле во селото и почнале да го обновуваат, но во април 1947 г. за време на Граѓанската војна биле одново принудени да го напуштат, префрлајќи се во Горно Неволјани, во 1950 г. преместувајќи се во Долно Котори.[6] По војната, на пописот од 1951 г. Бел Камен е заведен како напуштен. Следната 1952 г. грчките власти изградиле 125 куќи малку подалеку од старото место на селото, и во нив ги населиле повратените жители на Бел Камен.

Во следните десетлетија населението опаднало, должејќи се на понатамошни иселувања.[3]

Според истражување од 1993 г. селото е арванитско и во него „арванитскиот јазик“ (тоскиско наречје) е зачуван на средно ниво, а влашкиот на ниско.[15]

Знаменитости

Околу Бел Камен има зачувани два убави камени моста на Белкаменска Река, од кои едниот е од 1883 г. Зачувана е и камена воденица од 1852 г.[5]

Управата во Бел Камен.

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 765 0 581 421 364 327 355 239
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Главно занимање на селаните е ѕидарството, како и во другите албански села во Леринско. Делумно се застапени сточарството и земјоделството.[3]

Личности

Николаос Манос
Родени во Бел Камен
  • Апостолос Стилијадис (Απόστολος Στυλιάδης) — гркомански андартски деец од III класа, починал во 1907 г.[16]
  • Атанасиос Папаниколаос (Αναστάσιος Παπανικόλαος) — гркомански андартски деец од II/III класа, месен учител[16]
  • Атанасиос Слатинас (Αθανάσιος Σλατίνας) — гркомански андартски деец, четник[17]
  • Атанасиос Стилијадис (Αθανάσιος Στυλιάδης ή Παπαστυλιάδης) — гркомански андартски деец од I класа[16]
  • Георгиос Папус (Γεώργιος Παππούς) — гркомански андартски деец од III класа[16]
  • Димитриос Екзархос (Δημήτριος Έξαρχος) — гркомански андартски деец од III класа, член на месниот комитет, надлежен за прехраната на грчките четници[18]
  • Дионисиос Екзархос (Διονύσιος Εξάρχου) — гркомански андартски деец од III класа, син на Христос Егзархос[18]
  • Милтиад Ферфелис (Μιλτιάδης Φερφελής) — гркомански андартски деец од III класа[16]
  • Михаил Папанусис (Μιχαήλ Παπανούσης) — гркомански андартски деец од II класа[16]
  • Михаил Церкезис (Μιχαήλ Τσερκέζης) — гркомански андартски деец од III класа, четник на Каравитис, учесник во разни битки во Балканските војни[16]
  • Михал Белкамени (? – 1948) — албански револуционер и новинар
  • Николаос Манос — гркомански андартски капетан
  • Николаос Стилиадис (Νικόλαος Στυλιάδης) — гркомански андартски деец од I класа и свештеник, затворен од турските власти[16]
  • Спиро Белкамени (1885 – 1912 — албански револуционер
  • Теодорос Теодорис (Θεόδωρος Θεοδωρίδης) — гркомански андартски деец од III класа[18]
  • Христос Ѓацис (Χρήστος Γκιάτσης) — гркомански андартски деец од III класа, убиен во Елово[18]
  • Христос Егзарху (Χρήστος Εξάρχου) — гркомански андартски деец од I класа, врска меѓу месниот комитет и грчките конзулати, ги спроведувал четите на Папулас, Кондулис, Колокотронис и Мелас[18]
Починати во Бел Камен

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπελκαμένη -- Δροσοπηγή
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 141.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, Васил (1900). Македония. Етнография и статистика. София. стр. 88.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 5,8 „Δυτική Μακεδονία: Φλώρινα, Δροσοπηγή, Νυμφαίο“. Посетено на 1 јануари 2016.
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 „Η Ιστορία της Δροσοπηγής (Μπελκαμένης) Φλώρινας“. Florina History. 18 април 2011. Посетено на 1 јануари 2016.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Γιορτή μνήμης“. Δροσοπηγή. Посетено на 1 јануари 2016.
  8. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“, Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83 и 110-111.
  10. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 145.
  11. Кънчов, Васил (1900). Македония. Етнография и статистика. София. стр. 250.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  13. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.
  14. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 16,6 16,7 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 168. ISBN 978-960-12-1724-6.
  17. Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 77. ISBN 978-960-12-1724-6.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 167. ISBN 978-960-12-1724-6.

Надворешни врски

Read other articles:

Bloomberg L.P. v. Board of Governors of the Federal Reserve SystemCourtUnited States District Court for the Southern District of New YorkFull case nameBloomberg L.P., Plaintiff, v. Board of Governors of the Federal Reserve System, Defendant. DecidedAugust 24, 2009Docket nos.1:08-cv-09595Court membershipJudge(s) sittingLoretta A. Preska Bloomberg L.P. v. Board of Governors of the Federal Reserve System, 1:08-cv-09595,[1][2] was a lawsuit by Bloomberg L.P. against the Board of G...

 

Canadian track cyclist and Olympic champion Kelsey MitchellMitchell in 2020Personal informationFull nameKelsey Marie MitchellBorn (1993-11-26) 26 November 1993 (age 30)Sherwood Park, Alberta, CanadaHeight174 cm (5 ft 9 in)Weight70 kg (154 lb)Team informationDisciplineTrackRoleRider Medal record Women's track cycling Representing  Canada Olympic Games 2020 Tokyo Sprint World Championships 2021 Roubaix Sprint Commonwealth Games 2022 Birmingham Team sprint...

 

Nahverkehrsverbund Schleswig-Holstein Logo Rechtsform GmbH Gründung 1995 Sitz Kiel, Deutschland Deutschland Leitung Arne Beck[1] Branche Verkehrsverbund, ÖPNV Website www.nah.sh Der Nahverkehrsverbund Schleswig-Holstein (NAH.SH) ging am 27. November 2014 aus der mit dem ÖPNV-Gesetz vom 1. Januar 1996 gegründeten Landesweiten Verkehrsservicegesellschaft Schleswig-Holstein (LVS) hervor. Die LVS war der Aufgabenträger für den SPNV im Bundesland Schleswig-Holstein und...

Untuk pemain tenis meja, lihat Wang Jiasheng (tenis meja). Dalam artikel ini, nama keluarganya adalah Wang. JenderalWang Jiasheng王家胜Komisaris politik dari PLA Rocket ForcePetahanaMulai menjabat Desember 2014PendahuluZhang Haiyang Informasi pribadiLahirJanuari 1955 (umur 68)Liaoyang, Liaoning, ChinaPartai politikPartai Komunis TiongkokKarier militerPihak ChinaDinas/cabang PLA Rocket ForceMasa dinas? – sekarangPangkat JenderalSunting kotak info • L ...

 

Anime TV series and net animation The Dragon DentistThe title card for the original short anime.龍の歯医者(Ryū no Haisha)Created byŌtarō Maijō Original net animationDirected byŌtarō MaijōProduced byTomoyuki OgataWritten byŌtarō MaijōMusic byYoshitaka KoyamaStudioKharaLicensed byUK: Anime LimitedReleasedOctober 2014 (TIFF)7 November 2014 (online)26 August 2016 (re-release)Runtime9 minutes Anime television seriesDirected byKazuya TsurumakiProduc...

 

Restaurant chain in California, United States Pea Soup Andersen'sOld postcard advertising the Buellton restaurantIndustryRestaurantFoundedBuellton, California (1924)Number of locations2Area served Buellton, California Santa Nella, California WebsiteOfficial website Pea Soup Andersen's is a restaurant chain in Central California that primarily serves travelers. The chain consists of two locations along the state's two major north–south highways: U.S. Route 101 in Buellton and Interstate ...

For other uses, see Blue Anchor (disambiguation). Human settlement in EnglandBlue AnchorThe PubBlue AnchorLocation within SomersetOS grid referenceST022433Civil parishCarhamptonDistrictSomerset West and TauntonShire countySomersetRegionSouth WestCountryEnglandSovereign stateUnited KingdomPost townMINEHEADPostcode districtTA24Dialling code01984PoliceAvon and SomersetFireDevon and SomersetAmbulanceSouth Western UK ParliamentBridgwater and West Somerset List of...

 

Artery in pulmonary circulation carrying deoxygenated blood from heart to lungs Pulmonary arteryAnterior (frontal) view of the opened heart. White arrows indicate normal blood flow. (Pulmonary artery labelled at upper right.)DetailsPrecursortruncus arteriosusSystemCardiovascular, RespiratorySourceright ventricleIdentifiersLatinarteria pulmonalisMeSHD011651TA98A12.2.01.101 A12.2.01.201TA24077, 4091FMA66326Anatomical terminology[edit on Wikidata] A pulmonary artery is an artery in the pulmo...

 

This article is about planetarium in Karachi. For other, see PIA Planetarium. PIA Planetarium Karachi PIA Planetarium is a Pakistani planetarium located in Karachi.[1] Planetarium contains a Sky-Dome and a Boeing 720 AP-AXM standing in a park. It provides the education to students of science. It was established in 1985 firstly in Karachi and then in Lahore. This planetarium is working under Pakistan International Airlines. References ^ http://wikimapia.org/401777/PIA-Planetarium locat...

American casual dining restaurant chain This article relies excessively on references to primary sources. Please improve this article by adding secondary or tertiary sources. Find sources: Bonefish Grill – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (April 2012) (Learn how and when to remove this template message) Bonefish GrillTypeWholly owned subsidiaryIndustryRestaurantGenreCasual diningFoundedJanuary 15, 2000; 23 years ago (2000-0...

 

Monument in London, England Temple Bar in 2012, with the Temple Bar Memorial in the centre Temple Bar was the principal ceremonial entrance to the City of London from the City of Westminster. In the middle ages, London expanded city jurisdiction beyond its walls to gates, called ‘bars’, which were erected across thoroughfares. To the west of the City of London, the bar was located adjacent to the area known as the Temple. Temple Bar was situated on the historic royal ceremonial route from...

 

American college football season 2023 Fresno State Bulldogs footballNew Mexico Bowl, vs. New Mexico StateConferenceMountain West ConferenceRecord8–4 (4–4 MW)Head coachJeff Tedford (5th season)Offensive coordinatorPat McCann (1st season)Defensive coordinatorKevin Coyle (6th season)Home stadiumValley Children's Stadium(capacity: 41,031)Seasons← 20222024 → 2023 Mountain West Conference football standings vte Conf Overall Team   W   L  ...

TüskecsarnokLocationBudapest, HungaryCapacity2540 (ice hockey)3908 (basketball)Field size60 x 30 mConstructionBuilt1993-19982012-2014OpenedNovember 27, 2014 (2014-11-27)Construction cost4 billion Hungarian Forint (1998)+ 5.9 billion Hungarian Forint (2012)TenantsMAC Budapest Tüskecsarnok is a multi-purpose indoor arena in Budapest, Hungary. It is primarily used for ice sports and is the home arena of Hungarian top division ice hockey club MAC Budapest. It was opened in 2014. ...

 

Stefan Jażdżyński Stefan Jażdżyński (między 1924 a 1930) pułkownik piechoty Data i miejsce urodzenia 25 marca 1886 Piotrków Trybunalski Data i miejsce śmierci 21 września 1938 Warszawa Przebieg służby Lata służby 1914–1931 Siły zbrojne Armia Austro-Węgier Wojsko Polskie Formacja Legiony Polskie Jednostki 2 Pułk Piechoty (LP),4 Pułk Piechoty (LP),4 Pułk Piechoty Legionów,Dowództwo Okręgu Generalnego „Kielce” Stanowiska dowódca plutonu (w 2.pp LP i w 4.pp...

 

Private college in the Philippines STI CollegeKolehiyong STISTI CollegeFormer namesSystems Technology Institute (1983–2006)MottoEducation For Real LifeBe future-ready. Be STI.TypePrivate, for-profit studies, nonsectarian, coeducational (PSE: STI)EstablishedAugust 21, 1983; 40 years ago (August 21, 1983)FounderAugusto C. Lagman Herman T. Gamboa Benjamin A. Santos Edgar H. SarteParent institutionSTI Education Services Group, Inc. STI Education Systems Holdings, Inc.ChairmanV...

Victor L. SchertzingerLahir(1888-04-08)8 April 1888Mahanoy City, PennsylvaniaMeninggal26 Oktober 1941(1941-10-26) (umur 53)Hollywood, CaliforniaTempat tinggalHollywood, CaliforniaPekerjaanpemain biola, konduktor, komponis, penulis lagu, sutradara, produser, penulis naskahSuami/istriJulia E. Nicklin Victor L. Schertzinger (8 April 1888 – 26 Oktober 1941)[1] adalah seorang komponis, sutradara, produser dan penulis naskah asal Amerika. Film-filmnya meliputi Paramount...

 

Concept of launching the Space Shuttle orbiter using the Saturn V rocket Saturn-ShuttleNASA model of Saturn-Shuttle configurationFunctionCrewed LEO launch vehicleManufacturerBoeing (S-IC)Martin Marietta (External Tank)Rockwell International (Space Shuttle orbiter)Country of originUnited StatesSizeHeight86 m (281 ft)[1]Diameter10 m (33 ft)[1]Mass2,300,000 kg (5,070,000 lb)[1]Stages2Capacity Payload to LEOMass60,500 kg (133,400 lb)...

 

1984 crime drama film The Glitter Dometheatrical posterGenreActionComedyCrimeDramaBased onThe Glitter Domeby Joseph WambaughWritten byJoseph WambaughScreenplay byStanley KalisDirected byStuart MargolinStarringJames GarnerMargot KidderJohn LithgowMusic byStuart MargolinCountry of originUnited StatesOriginal languageEnglishProductionProducerFrank KonigsbergProduction locationsVancouverVictoria, British ColumbiaCinematographyMichael W. WatkinsJon KranhouseEditorM.S. MartinRunning time97 minutesP...

Dixième circonscription des Français établis hors de France Données clés Député Amal Amélia Lakrafi Parti politique La République en marche Population 155 460[1] Création 2010 Étendue territoriale partie du Moyen-Orient et de l'Afrique modifier La dixième circonscription des Français établis hors de France[2] est l'une des onze circonscriptions législatives des Français établis hors de France. Créée en 2010 à la faveur d'un redécoupage, elle comprend quarante-neuf pa...

 

Village in Estonia Village in Saare County, EstoniaKoiklaVillageCountry EstoniaCountySaare CountyParishSaaremaa ParishTime zoneUTC+2 (EET) • Summer (DST)UTC+3 (EEST) Koikla is a village in Saaremaa Parish, Saare County in western Estonia.[1] Before the administrative reform in 2017, the village was in Leisi Parish.[2] References ^ Lisa. Asustusüksuste nimistu (PDF). haldusreform.fin.ee (in Estonian). Rahandusministeerium. Retrieved 3 December 2017. ^ Saaremaa...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!