Според Димитар Рајков, во книга на Димитар и Константин Миладинови, на страна 160, се споменува од византискиот историчар Јован Скилица во 1019 под наслов прва Грамота (првото писмо), додека во епископијата на Маглен, поред опфатените области и селата Мариово, Острово, Заодрија, се споменува и селото Сетина.
Според искажувањата на Васил Малов, селото Сетина го добило името по месноста викана „Селишчето“ која се наоѓала спроти манастирот „Св. Никола“. „Селишчето“, во периодот од X-XI век, била приградска населба на тврдината Кале и служело како престолнина на Самоиловото царство.
Со пропаѓањето на Самоиловото царство, оваа населба, заедно со тврдината Кале, била запалена од византијците и населението било принудено да се насели на запад, односно на 2-3 км од манастирот „Св. Никола“. По ова, од почетокот на XI век, селото го носи името Сетина со сегашната местоположба.[5]
Географија и местоположба
Селото Сетина се наоѓа во подножјето на планината Кајмакчалан и се простира во непосредна близина на македонско-грчката граница. Лежи во котлина, на 760 метри надморска височина. На исток од селото се наоѓаат планините Кајмакчалан (2.521 м) и Пиперката, а на југ се наоѓа планината Висима Рожанско. Од северната страна, долж Македонско-Грчката граница, се простира висорамнината Рогаш (1352 м), а од западната страна на селото се простира атарот Крушоради и Леринското Поле. Од ова произлегува дека голем дел од катастарот на селото Сетина е покриен со планини и само една третина од неговата површина се полиња, ливади и падини. На север, Сетина, се граничи со селата Совиќ и Живојно, на југ со селото Горничево, а на запад со селото Чеган.[6]
Селото Сетина било самостојна општина во чиј состав влегувале и селото Попадија. Самата положба на селото му овозможува да има многу реки, потоци и бразди. Исто така, има многу трапови и долови. Инаку, селото е сместено по течението на реките Стара река, Бела река и Дрстелка. Од десната страна на Стара река се наоѓаат трапиштаа Крушорадски Трап. Бела Вода, Кунгбов Трап, Редешово, Крива Вода, Каландово, Бричиница, Женски Трап, Широкиот Трап, Копачки Трап, Страчкина река, Дрстелка река, Каричката река, Ченгелската река и Екшииската река. Од левата страна на Стара река се наоѓаат потоците и трапиштата: Бела река, реката Цепена Стена, Курио Трап, Речичката, Мушанка, Црничка река, Јанакиот и Филео. Сите овие трапишта, реки и потоци од левата и десната страна се богати со вода во сите годишни времиња. Истите тие се влеваат во Папалазов Камен низоводно од селото Крушоради, го наводенуваат сетинското поле и го прават плодно. Сепак, често се случувало да има поројни дождови кои го поплавувале полето и ги уништувале насадите на жителите. Една од бурите, според сеќавањата на жителите (Лазо Гудов, Коле Тренов, Лазо Донаков, Стојан Малов и Коста Мучов), се случила во април 1932 година.[7]
За време на турското владеење животот во Сетина бил многу тежок. Еден дел од сетинското горно маало припаѓало на Кенон бег, додека долното маало му припаѓало на Ахмед Риза бег. Населението било изложено на економска експлоатација давајќи даноци на беговите и на државата. Не можејќи да ги трпи самоволијата на турските власти и на разни муслимански банди, населението почнало да дава разновидни отпори. Така се појавило и ајдуштвото.[10]
Период на Илинденско востание
Како и во дугите села, и во Сетина се формирал селски комитет со појавата на ВМРО. Во селскиот комитет први се зачлениле Ило Димов-Попадински, Коста Божаров, Стефо Трпчевски, Стефо Бејков, Иљо Мучов, Геле Гудов, Тане Канзуров, Фоти Ароманов и Крсте Торбаков. Комитетот имал своја вооружена чета од околу 80 комити. Основна задача на селскиот комитет, како и на вооружената комитска чета, била да го брани селото од разни банди кои крстосувале по тој реон. Голема заслуга за успешното функционирање на комитите имал Георги Иванов, познат под псевдонимот Марко Лерински. Благодарение на неговите организациски способности, неговата чета станала „стожер во револуционерното“ движење во Леринско. По налог на леринскиот околски комитет, четата на Марко Лерински осудила на смрт двајца организациони работници. Убиен бил раководителотот на организацијата во село Борешница и воденичар од селото Неокази. Оваа акција не останала без реперкусии. Десетина дена по исчезнувањето на воденичарот властите извршиле претрес во неколку куќи од селото. Поради предизвиканиот страв од страна на Османлиите, десетина жители на Сетина, поради претпазливост, решиле да станат комити. Така, во средината на март 1902, се создале две чети: една предводена од Марко Лерински и друга од Дедо Андреја.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сетина се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[11]
На 10 септември 1903, група востаници од Сетина се судриле со турскиот аскер на местата Салков Гроб и Нунково Мече. Покрај ранетите, во овие борби загинале и 6 Сетинци. На 5 октомври, истата година, се водела уште една битка во селото Попадија. Тука загинале 25 востаници, а селото било целосно уништено. Исто така, голем пораз комитите доживеале и наредниот ден, 6 октомври, во Битката кај Чукурот.
Неуспехот на Илинденското востание имал тешки последици врз населението. Од 40 Лерински села, 12 биле целосно уништени. Особено настрадало селото Сетина. Во борбата која се водела на 12 август 1903, загинале 93 мажи. Дополнително биле заклани 229 лица, а 227 жени и девојки биле силувани. Поради пустошењето и физичкото малтретирање од страна на турските војски, останатото население се разбегало во шумите или, пак, барало засолниште во околните села.[12]
Сетина во периодот пред Втората светска војна
Виорот на првата светска војна ги натерал Сетинци да се евакуираат во селата Орешница и Пешошница, а и стоката била пренесена во селата Лесковац и Вичо. Голем дел од машкото население било приморано да се ангажира од страна на српската војска, да пренесува храна и материјали на фронтот и да ги пренесува ранетите војници од Кајмакчалан во Елбасан. Целокупниот имот на селаните бил уништен во текот на војната, а на фронтовите биле убиени 11 сетинци. По дефинитивното разграничување во 1919, Сетина потпаднала под грчка административна управа. Македонскиот јазик бил забранет, а сетинците биле пронудени да се декларираат како Грци.
Во 1920, по почетокот на грчко-турската војна, грчките власти мобилизаирале 70 Сетинци од кои 18 загинале на бојните полиња во Мала Азија.
За време на Метаксасоватадиктатура, сетинците останале претпазливи. Македонскиот јазик бил забранет да се користи во која и да било пригода. Населението во овој период и во своите домови морало да комуницира со мимики, а секој кој ќе бил фатен како говори на македонски јазик, бил физички казнуван на лице место, а потоа и носен во полициска станица.
На теророт на Метаксас, сетинци одговарале и активно и пасивно. Тие одбивале да ги зачленат младите во метаксасовата младинска организација и свесно ги зачленувале во грчката младинска комунистичка организација (ОКНЕ). Иницијатори за организирање на ОКНЕ во Сетина биле: Јордан Витков, Атанас Груевски, Атанас Русевски, Михаили Пискачов, Ване Канзуров и Ѓорѓи Шилев. Членовите на ОКНЕ претежно се занимавале со читање на политичка литература и материјали за руската социјалистичка револуција итн., а состаноци одржувала на први мај. По откривањето на ОКНЕ од грчката полиција во 1938 година, биле уапсени младинците Јордан Витков, Атанас Русевски и Ѓорѓи Шилев.[13]
Сетина во периодот на Втората светска војна
На 28 октомври 1940 година, по нападот на Грција од фашистичкаИталија, од Сетина биле мобилизирани 129 лица, од кои 8 ги загубиле животите, 10 биле ранети и 5 заробени од италијанската војска.
По капитулацијата на грчката влада, КПГ ја презема иницијативата и го организира народот во народноослободителна војна против окупаторите. Започнале да се формираат партиски организации, да се прибира оружје и разни материјали за движење на отпорот. Во периодот од септември 1942, до март 1943, биле примени нови членови во редовите на КПГ во партиската организација во Сетина, претежно луѓе кои работеле во рудникот Мелоите. За секретар на партиската организација бил поставен Атанас Русевски. Населението од соседното село Попадија било евакуирано во Сетина, додека машките постари од 15 години биле затворени во логорот во Солун. Сите членови на КПГ имале формирано своја тројка која делувала за целите на НОБ и ЕЛАС.[14]
Земјата ја обработувале на стар и примитивен начин, односно со спрега на волови и коњи, со дрвено рало или плуг. Често земјата ја обработувале и рачно со мотика, казма, лопата итн., особено сеидбата се вршела рачно, а потоа се покривало семето со орање на нивата.
По изникнувањето на житарицата, селаните рачно го плевеле житото. По неговото созревање тие со срп и со коса го жнееле истото. И останатите земјоделски култури во голема мера ги обработувале рачно. Треба да се има в предвиди тоа дека Сетинци, претежно, вршењето го правеле во подалечни планински места, каде што житариците биле оддалечени од селото неколку километри и било тешко да се пренесат во селото, па затоа биле принудени таму да припремаат гумно за вршење. Карактеристично е тоа што таквото вршење не го правеле сите селани, туку одреден број на семејства кои имале ниви на исто место. Овие селани спиеле на полињата во направени колиби и останувале таму сè до завршувањето на вршењето.[17]
Градинарство
Во Сетина било развиено и градинарството. Секое семејство имало градина или бавча во која за своите домашни потреби произведувале кромид, лук, пиперки, домати, праз, зелка, марули итн. Освен зеленчукот, во градините, имало и разни цвеќиња, босилок, невен и друго.[18]
Во Сетина слабо било развиено лозарството. Покрај грозјата кои ги имале на својот атар во месноста Мелоите, сетинци имале и грозје во атарот на Воштарани, каде што произведувале големи количини за вино. Но, тоа траело сè до 1930 кога лозјата се заразиле со болеста филоксера и биле уништени, а земјиштето им било одземено на сетинци и доделено на доселениците од Мала Азија.[20]
Сточарство
Во периодот од 1928-1940, Сетина, заедно со своите околни села (Бака, Попадија, Фармакот, Киријаку, Флору, Карајани) поседувала сточен фонд од 1128 грла говеда, 300 коњи, 322 магариња, 32 мазги, 2480 овци, 1755 кози и 280 свињи. За пасење и чување на многубројните домашни животни, побогатите селани најмувале измеќари.[21]
Бачила
Селаните-сточари во летните месеци во групи ги паселе стадата и заеднички ги молзеле во бачилата. Бачилата се правеле во плевна, поблиску до пасиштата и водата. Тие се состоеле од ограде, каде овчарите, двапати на ден (наутро и навечер), ги молзеле своите овци и кози во колиби. Имало две колиби, во едната бил сместен алатот, а во другата спиеле сточарите.
Млечните производи кои селаните ги изработувале, ги продавале во Лерин, а со парите си купувале производи за домаќинството. Освен млечните производи, селаните продавале и добиток, месо, кожа и волна.[22]
Демографија
Во Сетина отсекогаш живееле само Македонци кои биле доселени од разни места на Македонија и во различни временски периоди. Низ целиот историски период, селото претставувало чиста македонска населба.[5] Според историските податови и сеќавањето на постарите сетинци, се смета дека селото било наслено во разни времиња пред и по периодот на турското владеење.
Бројноста на населението варирала во текот на историјата. Така, според В. К’нчев, во 1900 година, во селото живееле 730 лица, во 1928 селото броело 849 лица, 1940-та имало 1132 жители, 1945 имало 210 домаќинства и 1300 жители.[23]
Повеќето Сетинци своите куќи ги граделе сами бидејќи многу од нив во минатото граделе куќи и плевни. Своите куќи ги граделе од тврд камен, чатија од дрво, колци за таваните, плетени од трска и рогозина, а ги покривале со ќерамиди или плочи. Поголемиот дел од куќите биле изградени на кат. Долниот дел бил планиран за сместување на крупен добиток со јасли, а во повеќето случаи биле преградувани и за ќерал. Горниот дел се користел за живеење на домаќинството.
Горниот внатрешен дел варосан и имал една или повеќе простории (соби) со врати и прозорци, а во главната соба, каде се приготвувала храната, се наоѓал оџакот со синџир и полици, камарите и прислата за истекување на употребената вода и др. Поголемите куќи располагале со поголем број на соби за спиење, имале и чардаци, балкони и итн. Со собата имало маса направена од штици, две клупи направени од штици постелени со ресено веленце.[24]
Во Сетина, како и во други села во Леринско, сите куќи имале дворови оградени со камени ѕидови и со една голема врата. Во тремот, под скалите, биле сместени амбарите за жито, кошот за пченката, котарникот за свињите, тоалетот, како и земјоделските алатки.[25]
Покуќнина
Во секоја куќа, во зависност од нејзината големина и бројот на членови во семејството, ги имало следните предмети:
за чување на храната имало ношви за леб, камари, долапи, сончеви и амбарчиња за брашно,
за пиење течнсти имало стомна, стомниња, букле, канатка, карта, чашка, паукче, ѓум, чашка за ракија, ѓезве, шише и филџани за кафе,
за јадење имало софра, маса, столчиња, дрвени и метални лажици, мисури и тава,
за приготвување на храна се употребувало котел, грне, сач, тепсија, тиган, бакарен ѓум, сукало, блуд, тава, аранија, фурна и маша,
за носење на храна имало кошници, торби, тепсии, тави мисури и друго,
за греење и приготвување на храна се употребувало дрва и борија,
за спиење се употребувале рогозини, веленцина, перници, дрвени кревети со две магарици и штици,
за одржување на хигиената и перење имало сапун, ума, леген за вода, чешле, ѓум за топлење вода, корито за перење, копан за чукање на веленцињата итн.
од алатки се употребуало секира, тесла, прион, копач, мотика, сврдле, лопата, чекан, ренде и друго.[26]
Народна носија
Во повеќето села по течението на Стара река, машките се облекувале с ќурдија, долга бела кошула со широки ракави, волнени гаќи, волнени чорапи со разни шари и појас за половината.
Женската народна носија се состоела од долга кошула везена со разни везови, саѓија, со или без пуфки, антерија, ќурдија, појас и прегач ткаен во разни шари. Чорапите се носеле до под колена а биле везени во разни везови.[27]
Топоними, мерни единици и месеци во годината
Топоними
Од десната страна на Стара река се наоѓаат месностите Тополката, Црната земја, Шупурката, Сива Стена, Сливишта, Грамадата, Мелоите, Сливој Нивје, Лозјата, Синиот Камен, Ритцеото,Коријата, Стисоите, Мецуите Јасики, Големата Страна, Дреноо, Штрбанка, Рогаш, Калинова пелена, Петкои Нивја, Пештерата, Бричиница, Петков Брег, Дупките, Студен Кладенец, Авлаиите, Гарванот, Барбарските гробишта, Долна Караџица, Екшиица, Фармакот, Буките и др.
Од левата страна на Стара река се наоѓаат месностите Убаите, Црвени Стени, Осоо, Колиби, Говедарникот, Скоко, Карауло, Шаркова Нива, Којњот, Белички Снос, Каргуца, Лулките, Друмо Киската, Белица, Беучо Козарник, Ташоо Кладенче, Филео, Вараницата, Космачот, Трнката, Бела река и др.[28]
Мерни единици
мерки за должина: чапарошка, педа, лакот, сажен, ендезе.
Лексо Малев (р. 1929) - партизан, учесник во Граѓанската војна во Грција;
Васил Стојанев Козаровски (р. 1877 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Бил дел од четата на Илија Попадиски од селото Попадија. Главно дејствувал во леринскиот реон, каде со своите другари воделе битки против Османлиите.[32]
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 56-59
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 63-67
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 67-74
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 20
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 20-21
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 21-23
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 23
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 23-24
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 24
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 24-25
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 26
↑ 23,023,1Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 12
↑ 24,024,124,224,3Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 14
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 16
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 17-18
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 18-19
↑Т. Јованов, С. Трпчевски: Сетина и Попадија во минатото. Самостојно издание, Скопје, 1992. стр. 13
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1021–1026.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1117.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). . Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1136–1137.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1247.
↑ 36,036,136,236,336,436,536,6Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 38,038,138,238,3Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
↑ 39,039,139,2{Наведена книга|title=Илинденски сведоштва. том IV, дел II.|author=Јасмина Дамјановска|author2=Ленина Жила|publisher=Државен архив на Република Македонија|author3=Филип Петровски |year=2017|isbn=|location= Скопје|pages=}}
Користена литература
Сетина и Попадија во минатото, издавачки одбор: Ташко С. Јованов (претседател), Стојан Трпчевски (секретар) и членовите Ѓорѓи Т. Мацков, Ристо Р. Малов, Атанас И. Божаров, Геле К. Мучов, Коста Т. Пупков, Јордан Гаштаров, Леонида Пискачов, Тодор Мучов, Васил Чамов, Иљо Витков, Аргерула Талева, Стати Лазаревски, Ѓорѓи Кркачев, Трајко Р. Малов, Трајко М. Гаштаров и Наце Мишоков. Самостојно издание, Скопје, 1992.
Luca Argentero nel 2016 Luca Argentero (Torino, 12 aprile 1978) è un attore, ex modello e conduttore televisivo italiano. Indice 1 Biografia 2 Vita privata 3 Filmografia 3.1 Attore 3.1.1 Cinema 3.1.2 Televisione 3.1.3 Teatro 3.1.4 Videoclip 3.2 Produttore 3.3 Doppiatore 3.3.1 Film Cinema 3.3.2 Film d'animazione 3.4 Cortometraggi 4 Teatro 5 Programmi televisivi 6 Opere letterarie 7 Discografia 8 Riconoscimenti 9 Note 10 Altri progetti 11 Collegamenti esterni Biografia Nato a Torino il 12 apri...
Reina consorte del Reino UnidoQueen consort of the United Kingdom Camila Rosemary Shand Desde el 8 de septiembre de 2022(1 año y 87 días)Ámbito Reino Unido Reino UnidoSede Londres, InglaterraResidencia Palacio de Buckingham (oficial)Castillo de Windsor (privada)Tratamiento Majestad o alteza real (dependiendo de su dignidad)Duración Vitalicio(en caso de enviudar, y mientras conserve ese estado, mantiene el título, la dignidad y el tratamiento correspondientes).Designado...
Đối với các định nghĩa khác, xem Hợp Thành. Hợp Thành Xã Xã Hợp Thành Hành chínhQuốc gia Việt NamVùngTây Bắc BộTỉnhLào CaiThành phốLào CaiThành lập2004[1]Địa lýTọa độ: 22°21′47″B 104°00′45″Đ / 22,36306°B 104,0125°Đ / 22.36306; 104.01250 Hợp Thành Vị trí xã Hợp Thành trên bản đồ Việt Nam Diện tích26,85 km²[2]Dân số (2004)Tổng cộng3.831 người[2]Mật...
Beyond the RocksPoster for the film.Sutradara Sam Wood Produser Jesse L. Lasky Ditulis olehJack Cunningham (scenario)BerdasarkanBeyond the Rocks: A Love Storyoleh Elinor GlynPemeranRudolph ValentinoGloria SwansonSinematograferAlfred GilksPerusahaanproduksiFamous Players-LaskyDistributorParamount PicturesTanggal rilis 7 Mei 1922 (1922-05-07) Durasi80 minutes(2005 alternate version)76 minutes(DVD edition)Negara Amerika Serikat BahasaFilm bisu dengan antar judul Inggris Beyond the Rocks ada...
Trade union of African American farmers The Sharecroppers' Union, also known as SCU or Alabama Sharecroppers’ Union, was a trade union of predominantly African American tenant farmers (commonly referred to as sharecroppers) in the American South that operated from 1931 to 1936. Its aims were to improve wages and working conditions for sharecroppers.[1] Founded in 1931 in Tallapoosa County, Alabama, the Sharecroppers' Union had its origins in the Croppers’ and Farm Workers’ Union...
Para otros usos de este término, véase Ursulinas (desambiguación). Congregación de Hermanas Ursulinas de Calvarienberg Monasterio de Calvarienberg, casa madre y general del instituto.Nombre latino Congregatione Sororum Santae Ursulae (Calvarienberg)Siglas O.S.U.Gentilicio Ursulinas de CalvarienbergTipo Congregación religiosa católica femenina, de vida apostólica y de derecho pontificioFundador Unión de monasterios de ursulinas de AlemaniaFundación 1 de julio de 1870Lugar de fundació...
2000 film by Usha Ganesh Raja Pandavas: The Five WarriorsDVD coverDirected byUsha Ganesh RajaScreenplay bySujathaBased onMahabharataby GaneshaEdited byB. LeninV. T. VijayanMusic byIlaiyaraajaProductioncompanyPentamedia GraphicsRelease date 23 December 2000 (2000-12-23) Running time110 minutesCountryIndiaLanguageEnglish Pandavas: The Five Warriors is a 2000 Indian English-language animated Hindu mythological film directed by Usha Ganesh Raja and produced by Pentamedia Graphics. ...
American journalist Terry PlutoTerry Pluto lecturing students on writing in a visit to his alma mater Benedictine High School in ClevelandBorn (1955-06-12) June 12, 1955 (age 68)Cleveland, OhioEducationCleveland State UniversityOccupation(s)sportswriterauthorOrganizationBaseball Writers' Association of AmericaWebsitehttp://www.terrypluto.com Terry Pluto (born June 12, 1955) is an American sportswriter, newspaper columnist, and author who primarily writes columns for The Plain Dealer, and...
USD BrenoCalcio Segni distintivi Uniformi di gara Casa Trasferta Colori sociali Granata Dati societari Città Breno Nazione Italia Confederazione UEFA Federazione FIGC Campionato Serie D Fondazione 1946 Rifondazione1974Scioglimento2012Rifondazione2013 Presidente Mario Cocchi Allenatore Cristian Soave Stadio Comunale Carlo e Filippo Tassara(2000 posti) Sito web www.usbreno.com Palmarès Trofei nazionali 1 Coppa Italia Dilettanti Si invita a seguire il modello di voce L'Unione Sportiva Di...
Beret flash of the 4th Brigade Combat Team, 82nd Airborne Division The 4th Brigade Combat Team, 82nd Airborne Division is an inactive Airborne Brigade of the United States Army. The brigade was active from 1968-1969, and from 2006-2014. The brigade conducted three rotations to Afghanistan, in 2007 and 2008, 2009 and 2010, and 2012. The brigade's two infantry battalions deployed for a fourth time in 2013-2014, and became part of other BCTs in the division upon their redeployment. History Vietn...
New Zealand private co-educational school This article is about the school in New Zealand. For other similarly named institutions, see St. Andrew's College (disambiguation). This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: St Andrew's College, Christchurch – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (March ...
Battle of the Anglo-Zulu War This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Battle of Hlobane – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (April 2008) (Learn how and when to remove this template message) Battle of HlobanePart of Anglo-Zulu WarBattle of HlobaneDate28 March 1879LocationHlobane, South Africa...
National authority of Pakistan Government of Pakistanحکومتِ پاکستانState emblem of PakistanTypeFederal governmentFormation14 August 1947; 76 years ago (1947-08-14)Current constitution1973 Pakistani ConstitutionCountryIslamic Republic of PakistanSeat of governmentIslamabadOfficial languagesEnglish, UrduWebsitepakistan.gov.pkLegislative branchLegislatureParliamentUpper houseSenateUpper House Presiding officerChairman of the SenateLower houseNational AssemblyLower ...
PausSergius IVAwal masa kepausan31 Juli 1009Akhir masa kepausan12 Mei 1012PendahuluYohanes XVIIIPenerusBenediktus VIIIInformasi pribadiNama lahirPietro Martino BoccapecoraLahirtanggal tidak diketahuiRoma, ItaliaMeninggal12 Mei 1012Roma, ItaliaPaus lainnya yang bernama Sergius Paus Sergius IV, nama lahir Pietro Martino Boccapecora (???-12 Mei 1012), adalah Paus Gereja Katolik Roma sejak 31 Juli 1009 hingga 12 Mei 1012. Didahului oleh:Yohanes XVIII Paus1009 – 1012 Diteruskan oleh:Benedik...
هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (مارس 2016) الصليب الأزرق من حيدر أباد البلد الهند المقر الرئيسي حيدر آباد الموقع الرسمي الموقع الرسمي تعديل مصدري - تعديل من ويكيبيديا، الموسوعة الحرة الص...
LuftwaffeLambang dari Luftwaffe (varian)Aktif1933–1945[2]Negara Jerman NaziAliansi Adolf HitlerTipe unitAngkatan udaraPeranPeperangan udaraJumlah personelPesawat 119,871[3] (total produksi)Personel 3.400.000 (total dalam tugas pada tahun 1939–45)[4]Bagian dariWehrmachtPertempuranPerang Saudara SpanyolPerang Dunia IITokohOberkommando der LuftwaffeLihat daftarInspektur Pesawat TempurLihat daftarInspektur Pesawat PembomLihat daftarInsigniaBalkenkreuz (fuselage and win...
Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Desember 2022. Marc EyraudLahir(1924-03-01)1 Maret 1924Saint-Étienne, PrancisMeninggal15 Februari 2005(2005-02-15) (umur 80)Banyuls-sur-Mer, PrancisPekerjaanPemeranTahun aktif1956–1995 Marc Eyraud (1 Maret 1924 – 15 Februari 2005) adalah...
Questa voce sull'argomento cestisti messicani è solo un abbozzo. Contribuisci a migliorarla secondo le convenzioni di Wikipedia. Segui i suggerimenti del progetto di riferimento. Ángel Acuña Nazionalità Messico Stati Uniti Altezza 180[1] cm Pallacanestro Ruolo Guardia, ala[1] Carriera Squadre di club Dor. de ChihuahuaBoston WhirlwindsNew York CelticsWashington Generals Harlem Globetrotters Nazionale 1948 Messico Carriera da allenatore Chihuahua S...
The Mortal Instruments:City of BonesPoster FilmSutradara Harald Zwart Produser Don Carmody Robert Kulzer Ditulis oleh Jessica Postigo Paquette SkenarioJessica Postigo PaquetteBerdasarkanCity of Bonesoleh Cassandra ClarePemeranLily Collins Jamie Campbell Bower Robert Sheehan Kevin Zegers Lena Headey Kevin Durand Aidan Turner Jemima West Godfrey Gao CCH Pounder Jared Harris Jonathan Rhys MeyersPenata musikAtli Örvarsson[1]SinematograferGeir Hartly AndreassenPenyuntingMichael Kahn...