Долно Каленик

Долно Каленик
Κάτω Καλλινίκη
Долно Каленик is located in Грција
Долно Каленик
Долно Каленик
Местоположба во областа
Долно Каленик во рамките на Лерин (општина)
Долно Каленик
Местоположба на Долно Каленик во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°51.53′N 21°27.59′E / 40.85883° СГШ; 21.45983° ИГД / 40.85883; 21.45983
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000600000000600 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно85
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Долно Каленик (грчки: Κάτω Καλλινίκη, Като Калиники; до 1926 г. Κάτω Κάλενικ, Като Каленик[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.[3]

Географија

Селото е сместено во северозападниот крај на Леринското Поле, близу границата со Р Македонија. Лежи на левиот брег на Стара Река, 11 км североисточно од Лерин и 7 км источно од Долно Клештино. Селото е од растурен тип, и куќите се оддалечени една од друга.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Долно Каленик било чисто македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Каљник како македонско село.[4][5] На етничката карта на Вардарската Долина од 1861 г. Јохан фон Хан го означил Долно Каленик како македонско село.[4][6] ВО „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каленик (Kalénik) имал 90 домаќинства со 254 жители Македонци.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Горно и Долно Каленик имало 394 жители Македонци.[7][9] По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзаргискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 120 Македонци под егзархијата.[7][11]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Каленик се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[12]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 120 жители[3]. Во овој период, Боривое Милоевиќ го спомнува со 15 македонски домови. Во 1920 г. Долно Каленик имало 127 лица, а неколку години подоцна властите доселиле 24 грчки дојденци од Понд. Во 1928 г. Каленик (Горно и Долно) броело 253 жители, од кои 88 лица (24 семејства) биле грчки дојденци.[13] Во 1926 г. селото е преименувано во Като Каленики, што е проста грцизација на македонското име.

Во 1940 г. Долно Каленик имало 368 жители, но за време на Граѓанската војна повеќе Македонци пребегнале во Р Македонија и источноевропските земји. Така, во 1951 г. населението се намалило на 35 жители, кои продолжиле да се смалуваат во 1960-тите период поради иселувања во прекуокеанските земји.[3] Иселувањата продолжиле и понатаму, така што селото денес е многу помало отколку во предвоениот период.

Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано „дојденско-словенојазично“, во кое македонскиот јазик и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво.[14]

Личности

  • Ристо Шиката — деец на МРО, роден во Горно или Долно Каленик, војвода на чета во реонот на Алексо Џорлев за време на Илинденското востание[15]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 368 315 255 226 125 112 145 85
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото се смета за прилично сиромашно. Дури и водата за пиење е бунарска и не е добра.[3]

Поврзано

Наводи

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Κάλενικ -- Κάτω Καλλινίκη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 150.
  4. 4,0 4,1 Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
  6. Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84 – 85.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  10. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176 – 177.
  12. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  13. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. Riki Van Boeschoten. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
  15. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 146.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!