Арменово

Арменово
Αρμενοχώρι
Старото училиште во Арменово, денес етнографски музеј
Старото училиште во Арменово, денес етнографски музеј
Арменово is located in Грција
Арменово
Арменово
Местоположба во областа
Арменово во рамките на Лерин (општина)
Арменово
Местоположба на Арменово во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°48.9′N 21°27.39′E / 40.8150° СГШ; 21.45650° ИГД / 40.8150; 21.45650
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаЛерин
Надм. вис.&10000000000000620000000620 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно986
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Арменово (Арменоро, Арменохор или Ерменово; грчки: Αρμενοχώρι, Арменохори) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 986 жители (2011), од кои Македонците и денес сочинуваат огромно мнозинство.[2]

Географија

Селото е сместено во Леринското Поле, крај Сакулева Река, на 4 км североисточно од Лерин. Има железничка станица на главната линија Солун - Битола.[2]

Историја

Праисториски наоди од Арменово во Леринскиот археолошки музеј.

Кај Арменово се откриени наоди од праисториско време.

Во Отоманското Царство

Во XIX век Арменово било големо, претежно македонско село, со извесно турско население. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Арминор како македонско село.[3][4] Во 1861 г. австрискиот интелектуалец Јохан фон Хан го обележал Арменор на неговата етничка карта на долината на Вардар како македонско село.[3][5] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал дела во селото живеат 91 македонски семејства (446 лица).[3][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Арменово (Arménovo) имало 100 домаќинства со 300 жители Македонци.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ерменово (Арменоро) имало 780 жители Македонци и 125 жители Турци.[9] На почетокот на XX век во селото работеле странски пропаганди, а населението било поделено на приврзаници на Бугарската егархија и приврзаници на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Арменохор имало 352 Македонци под егзархијата и 424 Македонци под патријаршијата, а во селото работеле бугарско и грчко училиште, основано во 1880 г.[7][10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Арменор се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 126 куќи.[11]

По 1900 г. се засилила иселувањето на жителите во Северна Америка, главно во САД. Според бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев, кон почетокот на 1904 г. 60 лица од селото биле заминати на работа во Америка. На 1 март 1905 г. е заведено заминувањето на уште 19 лица.[12].

Во Грција

Мост на Сакулева Река кај Арменово за време на Првата светска војна.
Поставки во Етнографскиот музеј.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 830 жители.[2] За време на Првата светска војна селото за кратко е окупирано од VIII дивизија на бугарската армија по извршената Леринска операција, за да ѝ биде вратено на Грција со Нејскиот мировен договор. Боривое Милоевиќ вели дека за време на војната, Арменово имало 120 македонски и 30 турски семејства, а во 1920 г. целото село броело 871 жител.[2] Во 1924 г. турското население на Арменово е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени 58 грчки колонисти (20 семејства) од Понд. Во 1928 г. селото броело вкупно 1.045 лица. Во 1940 г. тука живееле 1.446 жители, иако по Грчката граѓанска војна некои жители пребегнале во Р Македонија.[2]

Во 1960-тите бројот на жителите доживеал извесен пад поради преселувањето на бројни македонски семејства во прекуокеанските земји, во градот Лерин и на други места.

Според Тодор Симовски, денес соодносот меѓу македонското и дојденското население во поново време е 6 спрема 1, што значи дека Македонците сочинуваат огромно мнозинство.[2]

Според истражување од 1993 г. селото е „мештанско-дојденско“ и во него македонскиот јазик е зачуван на средно ниво, а понтскиот грчки на ниско.[13]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.446 1.532 1.327 1.007 1.064 1.014 1.063 986
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Најзастапена стопанска гранка во Арменово е земјоделството, но прилично е развиено и сточарството.[2]

Поврзано

Наводи

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 139.
  3. 3,0 3,1 3,2 Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда
  4. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
  5. Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  6. Стефан Веркович. „Топографическо-этнографический очерк Македонии“. Санкт Петербург, 1889.
  7. 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 249. ISBN 954430424X.
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.176-177.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  12. Миграционни движения на българите 1878-1912, т. 1, София 1993, с. 314, 397.
  13. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Надворешни врски

Read other articles:

Broadcast Music, Inc.Tanggal pendirian1939TipeNirlabaFokusIndustri MusikLokasiNew York City, Amerika SerikatWilayah layanan Seluruh duniaProdukMusikMetodeLisensiTokoh pentingMichael O'Neill (Presiden & CEO)[1]Situs webbmi.com Broadcast Music, Inc. (BMI) adalah salah satu dari lima Performing Rights Organization (PRO) Amerika Serikat, bersama dengan ASCAP, SESAC, Global Music Rights, & Pro Music Rights. Organisasi tersebut mengumpulkan bayaran lisensi atas perantara para penuli...

 

Choi Sung-yong Informasi pribadiTanggal lahir 25 Desember 1975 (umur 47)Tempat lahir Korea SelatanPosisi bermain BekKarier senior*Tahun Tim Tampil (Gol)1999-2000 Vissel Kobe 2006-2007 Yokohama FC 2008-2010 Thespa Kusatsu * Penampilan dan gol di klub senior hanya dihitung dari liga domestik Choi Sung-yong (lahir 25 Desember 1975) adalah pemain sepak bola asal Korea Selatan. Karier Choi Sung-yong pernah bermain untuk Vissel Kobe, Yokohama FC dan Thespa Kusatsu. Pranala luar (Jepang) Profil...

 

Sercloremine Names Preferred IUPAC name 4-(5-Chloro-1-benzofuran-2-yl)-1-methylpiperidine Identifiers CAS Number 54403-19-9 Y 3D model (JSmol) Interactive image ChemSpider 142884 PubChem CID 162749 UNII 8H340QZ35T Y InChI InChI=1S/C14H16ClNO/c1-16-6-4-10(5-7-16)14-9-11-8-12(15)2-3-13(11)17-14/h2-3,8-10H,4-7H2,1H3Key: FTKTZRKAVSDSRA-UHFFFAOYSA-N SMILES CN1CCC(CC1)C2=CC3=C(O2)C=CC(=C3)Cl Properties Chemical formula C14H16ClNO Molar mass 249.74 g·mol−1 Except where ...

Railway station in Tamil Nadu, India This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article includes a list of references, related reading, or external links, but its sources remain unclear because it lacks inline citations. Please help to improve this article by introducing more precise citations. (February 2019) (Learn how and when to remove this template message) This article rel...

 

This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article may require cleanup to meet Wikipedia's quality standards. The specific problem is: Almost nothing in this article is formatted to fit Wikipedia. Please help improve this article if you can. (August 2020) (Learn how and when to remove this template message) This article needs additional citations for verification. Please help im...

 

Building in Aluva, IndiaAluva PalaceAluva Palace View from Periyar River side.General informationArchitectural styleKerala architectureTown or cityAluvaCountryIndiaClientMaharaja of TravancoreThe Aluva Palace, also known as Alwaye Palace is a Travancore royal palace built by king Maharaja Karthika Thirunal Dharma Raja around 1790 during the reign of the Chera kings of Travancore.[1] Aluva Palace is situated in the city Kochi, Ernakulam district of the state of Kerala. Historical impor...

This article relies excessively on references to primary sources. Please improve this article by adding secondary or tertiary sources. Find sources: International Council of Academies of Engineering and Technological Sciences – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (January 2021) (Learn how and when to remove this template message) The International Council of Academies of Engineering and Technological Sciences (CAETS) is an independent nonpoliti...

 

1990 Indian filmEn Kadhal KanmaniTitle cardDirected byT. J. JoyWritten byT. J. Joy Madurai Balan (dialogues)Produced byC. SelvarajStarringVikram Rekha NambiarCinematographyM. M. RengasamyEdited byR. T. AnnaduraiMusic byL. VaidyanathanProductioncompanyProgressive Cine ArtsRelease date 17 October 1990 (1990-10-17) Running time118 minutesCountryIndiaLanguageTamil En Kadhal Kanmani (transl. My love, apple of my eye) is a 1990 Indian Tamil-language romance film directed by T. ...

 

Problem of sharing resources Fair division is the problem in game theory of dividing a set of resources among several people who have an entitlement to them so that each person receives their due share. That problem arises in various real-world settings such as division of inheritance, partnership dissolutions, divorce settlements, electronic frequency allocation, airport traffic management, and exploitation of Earth observation satellites. It is an active research area in mathematics, econom...

Chicago interfaith healthcare system (2015–2022) AMITA redirects here. For other uses, see Amita. AMITA HealthTypeJoint operating companyIndustryHealthcareFounded2015; 8 years ago (2015)[1]DefunctApril 1, 2022 (2022-04-01)[2]HeadquartersLisle, Illinois, United States[3]Area servedChicago metropolitan areaKey peopleKeith A. Parrott (President and CEO)[4]Thor Thordarson (chief operating officer)[5]OwnersAdventHealthAscen...

 

1986 single by the FixxSecret SeparationSingle by the Fixxfrom the album Walkabout B-sideSense the AdventureReleasedMay 22, 1986 (US)June 1986 (UK)Recorded1985GenreNew waveLength3:51LabelMCASongwriter(s)Dan K. Brown, Cy Curnin, Rupert Greenall, Jeannette Obstoj, Jamie West-Oram, Adam WoodsProducer(s)Rupert HineThe Fixx singles chronology Less Cities, More Moving People (1985) Secret Separation (1986) Built For the Future (1986) Secret Separation is a song by British new wave rock group the Fi...

 

Pour les articles homonymes, voir Sully. Chesley Sullenberger Chesley Sullenberger en 2022 Données clés Nom de naissance Chesley Burnett Sullenberger III Alias Sully Naissance 23 janvier 1951 (72 ans) Denison (Texas) Nationalité Américaine Pays de résidence États-Unis Diplôme Bachelor of Science et Master's degree en psychologie du travail et des organisations et en administration publique Profession Pilote de chasse puis pilote de ligne Autres activités Expert en sécurité aér...

Refugiul SanctuaryInter-titlul din sezoanele 2-3Genparanormal television program[*][[paranormal television program (television program featuring human characters that are often involved with the occult, witchcraft, spiritualism, psychic phenomena, vodou, etc., and interact with supernatural beings)|​]]serial de televiziune fantastic[*]​serial de televiziune științifico-fantastic[*]​  Creator(i)Damian KindlerRegizor(i)Martin Wood[*][[Martin Wood (Canadian television di...

 

Monumento nazionale ai Caduti per la bonifica dei campi minatiAutoreErminio Pietro Nicolamaria Ferrucci DataInaugurazione 15 aprile 1984 MaterialeCalcestruzzo armato in casseforme e sistemi di casserature interne ed esterne UbicazioneLargo Nicola da Castel Bolognese, Castel Bolognese Coordinate44°18′55.94″N 11°47′47″E44°18′55.94″N, 11°47′47″E Il Monumento nazionale ai Caduti per la bonifica dei campi minati, in forma abbreviata denominato Monumento nazionale ai Caduti BCM,...

 

Louis Arnett Stuart BellingerMmáduụdịekerenwoke Aha enyereLouis ụbọchị ọmụmụ ya1891 Ụbọchị ọnwụ ya1946 Ebe oliliAllegheny Cemetery Ọrụ ọ na-arụonye na-ese ụkpụrụ ụlọ agbụrụNdi Afrika nke Amerika ikike nwebiisinka dị ka onye okikecopyrights on works have expired  Louis Arnett Stuart Bellinger (b. Septemba 29, 1891 na Sumter, SC; nwụrụ. Febụwarị 3, 1946 na Pittsburgh, PA) bụ onye Amerịka na-es...

LouvignyNegaraPerancisKawasanNormandyJabatanCalvadosArrondissementCaenKantonCaen-8InterkomunalitiCaen la MerPentadbiran • Datuk Bandar (2008–2014) Patrick LedouxKeluasan15.64 km2 (2.18 batu persegi)Penduduk (2008)22,733 • Kepadatan480/km2 (1,300/batu persegi)Zon waktuUTC+1 (CET) • Musim panas (DST)UTC+2 (CEST)INSEE/Poskod14383 /14111Ketinggian2–48 m (6.6–157.5 ka) (purata 7 m atau 23 ka)1Data Daftar Tan...

 

System resource identifier in operating systems In Unix and Unix-like computer operating systems, a file descriptor (FD, less frequently fildes) is a process-unique identifier (handle) for a file or other input/output resource, such as a pipe or network socket. File descriptors typically have non-negative integer values, with negative values being reserved to indicate no value or error conditions. File descriptors are a part of the POSIX API. Each Unix process (except perhaps daemons) should ...

 

Ralph Waite (2012) Ralph Waite (b. 22 Heziran 1928, White Plains, New York, DAY) yew aktor u senatkaro Amerikayıco. Serra 2014ıne de 85 serranê xo de merdo. Filmografiye Cool Hand Luke (1967) Alibi A Lovely Way to Die (1968) Last Summer (1969) Five Easy Pieces (1970) Carl Fidelio Dupea Lawman (1971) The Grissom Gang (1971) The Pursuit of Happiness (1971) The Sporting Club (1971) Chato's Land (1972) Girls on the Road (1972) The Magnificent Seven Ride (1972) Trouble Man (1972) Hot Summer Wee...

Sensus sa Populasyon Hinunangan, Habagatang LeyteTuigKam.±% p.a.1990 22,454—    1995 22,170−0.24%2000 25,016+2.62%2007 27,712+1.42%2010 28,415+0.92% Ang Hinunangan usa ka ika-tulo nga klase nga lungsod sa lalawigan sa Habagatang Leyte sa Sidlakang Kabisay-an sa Pilipinas. Nahimutang kini sa sidlakang dapit sa lalawigan. Sa amihanan sa lungsod makaplagan ang lungsod sa Silago samtang sa habagatan, makaplagan ang lungsod sa Hinundayan. Ang Hinunangan nailhan sa iyang a...

 

Biography Channel Nombre público bio.Eslogan Everyone Has A StoryPropietario FoxtelPaís AustraliaFundación 2004Inicio de transmisiones 2004Cese de transmisiones 1° de noviembre de 2015(8 años, 9 meses y 24 días)Cuota de pantalla 0.3% (abril de 2007)Nombre anterior The Biography Channel (2004-2007)Sitio web Bio Australia(redirige a Foxtel Arts)[editar datos en Wikidata] bio. (anteriormente conocido como The Biography Channel) era un canal de entretenimiento austr...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!