На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орта-оба се води како чисто турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор сето население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понд.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Месокамбос.[7] На пописот од 1928 г. во Орта Оба се заведени 179 жители. По 1930 г. тука се доселиле и малобројните македонски семејства од соседното Рахманли, со што станало етнички мешана населба. Така, во 1940 г. во Орта Оба имало 27 македонски и 60 доселенички семејства — вкупно 463 жители.[3]
За време на Грчката граѓанска војна, 16 македонски семејства се преселиле во Р Македонија, а останале 11. Со тоа, населбата и понатаму останала мешана, но во значајна полза на доселените Грци. Во 1951 се заведени 312, а во 1961 г. 322 жители. Населението почнало да опаѓа поради иселување, па така во 1971 г. се попишани 237, во 1981 г. се заведени 211, а во 1991 — 193 жители.[3] Иселувањето се засилило во следните десетлетија: во 2001 г. Орта Оба имала 133 жители, но во 2011 г. само 67.
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
463
312
322
237
211
193
133
67
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото важи за прилично сиромашно. Главни производи се житото и сточарските преработки. Атарот има површина од само 6 км2.[3]