Попадија (Леринско)

Попадија
Παπαδιά
Попадија is located in Грција
Попадија
Попадија
Местоположба во областа
Попадија во рамките на Лерин (општина)
Попадија
Местоположба на Попадија во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°53′N 21°41′E / 40.883° СГШ; 21.683° ИГД / 40.883; 21.683
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаСетина
Надм. вис.&10000000000000900000000900 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно0
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Попадија (грчки: Παπαδιά, Пападија) — поранешно село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Од пописот од 1991 година жителите на ова село се опфатени во составот на селото Сетина, кон кое припаѓа[2] и самото село нема жители.

Географија и местоположба

Попадија е сместена на северозападните падини на планината Кајмакчалан, по течението на Стара Река. Селото се наоѓа на надморска висина од 900 м и од сите страни е опкружено со планински врвови. Во котлинското место на селото денес е вештачката акумулација „Попадија“.

Историја

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Попадија се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[3]

На 6 октомври 1907 година Попадија била нападната од андартските капетани Димитриос Папавиерос и Емануил Кацигарис, кои запалиле 12 куќи.[4]

Селото целосно настрадало во Грчката граѓанска војна при што повеќето од жителите се засолнале во Република Македонија, а дел во соседното село Сетина[2].

Селото е обновено во седумдесеттите години и во пописот од 1981 година е регистрирано со 17 жители, а од 1991 година жителите се евидентираат во Сетина.

Демографија

На почетокот на XX век според К’нчов селото броело 50 жители, а Милоевиќ наведува 20 македонски куќи. Движењето на населениото по години е следното[2]:

  • 1913 - 73 жители
  • 1920 - 98 жители
  • 1928 - 135 жители
  • 1940 - 149 жители

Личности

Родени во Попадија

Наводи

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 168.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 25.
  4. „ΣΤΟΧΟΣ“
  5. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 797–806.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!