Селото е основано од македонски сточари преселени од Воденско, а името потекнува од подигнатите трла наречени котори[3] („котари“ на денешен литературен македонски).[4] Во XV век во Котори се заведени по име 119 глави на домаќинствата.[5] Во османлиските дефтери од средината на XV век Котори е спомнато со 20 глави на семејствата и двајца неженети: Тошо, Храно, Михо, Степан, Калко, Коста, Димо, Стајко, Братан, Манко, Станиша, Михо, Мано, Леко, Татуш, Манол, Славеј, Богдан, Ѓорѓи (Јорг), Поп Тома, Којо и Тодор. Вкупниот државен приход од селото изнесувал 1.515 акчиња[6]. Во записниците на христијанското население на Леринскиот вилает од 1626-27 г. селото е означено под името Долна Котори со 9 даночни домаќинства[7]. Селото особено нараснало во XVIII век по претворањето на блиското Горно Котори во чифлик на албански бег дојден од Колоња, кога жителите кои не сакале да му се потчинат на бегот се преселиле во Долно Котори. По извесно време во Долно Котори дошле и албанскихристијани семејства (Тоски)[3], но Македонците останале огромно мнозинство.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долни Котори се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 104 куќи.[16]
Во првите денови на април 1908 г. власта направила претрес на селото со мачење и насилство. Најдени се неколку бомби, за кои селаните тврделе дека се подметнати од офицерот Рушид-ефенди кој го спроведувал претресот.[17]
Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Властите барале да се предадат 400 пушки од селото. Селанецот Танас Мицев е претепан до смрт, а куќата на Марија Динева е запалена.[18]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 894 жители.[3] За време на Првата светска војна и по неа (1917-1919), преку 60 жители на селото, заедно со двајца свештеници, се иселени во јужна Франција поради сомненија за промакедонска дејност.[19] Во овој период Боривое Милоевиќ забележал дека Долно Котори имало 120 македонски и 30 албански семејства.[3] Поради воените непогоди, во 1920 г. селото се смалило на 784 жители.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Идруса (понекогаш нарекувано Като Идруса, за да се разликува од Горно Котори, кое е преименувано во Ано Идруса).[20] На пописот од 1928 г. Долно Котори е заведено со 846 лица.[3]
Во февруари 1932 г. началникот на полицијата во Долно Котори, Димитриос Кабурас испратил извештај во Лерин, во кој по име се наведени 22 докажани македонски дејци во селото, и ја опишува „противдржавната“ дејност на тие селани и нивните семејства, како и нивното учество во Илинденското востание. Кабурас пишува дека населението ги бојкотирало службите на грчки јазик и дека кметот бил „фанатик“.[21] Според грчки жандармериски документи од истата 1932 г. во Идруса (Д. Котори) живеат 170 семејства, 157 од кои со македонска национална свест и 8 со албанска свест.[22]
Меѓу свете светски војни селото бележи раст, и покрај големите иселувања. Во овој период од Долно Котори се иселиле вкупно 67 македонски и 15 албански семејства.[3] Од нив, 104 Македонци (24 семејства) и 41 Албанец (15 семејства) се иселиле во прекуоанските земји, 122 Македонци (38 семејства) заминале во Бугарија и 22 Македонци (5 семејства) во Вардарска Македонија. И покрај иселувањата, во 1940 г. Долно Котори бележело пораст на 974 жители.[3]
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарската војска и воведена е бугарска општинска власт.[23] Доста жители на Долно Котори активно се вклучиле во бугарската паравоена организација „Охрана“, која водела борби со грчките партизани во подрачјето. По крајот на војната, во 1945 г. 60 жители на селото се осудени како членови на „Охрана“.[24] Според статистиката на грчката власт од 1945 г. селото имало 1.026 жители, од кои 550 имале „негрчка национална свест“, 326 наводно имале „грчка свест“ (што несомнено е лага) и 150 чија свест била „неутврдена“.
За време на Граѓанската војна, 35 семејства од Долно Котори се преселиле Р Македонија, а уште 65 лица занимале во источноевропските земји. По војната, намалувањето на населението продолжило поради преселување во Австралија како на македонското, така и на албанското население. Без оглед на сите овие иселувања, населението сепак било во пораст. Во 1951 г. се попишани дури 1.267 лица.[3] Сепак, во текот на следното десетлетие Долно Котори почнало битно да се намалува, поради што во 1961 г. се преполовило на 571 жител и продолжило да се намалува до денес.[3]
Според испитување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-арванитско“ во кое македонскиот јазик е зачуван на средно ниво.[25]
Атанас Василев Христов (1915 – 1943) — партизан и јатак во Бугарија[28]
Никола Попов — деец на МРО, војвода на чета во Леринско пред Хуриетот во 1908 г.[29]
Пандо Колевски (р. 1937) — поет и преведувач во Македонија
Александар Поповски (1932г.) - учесник во Демократската Армија на Грција и во НОБ во Егејска Македонија, борец за човекови права, долгогодишен и сега почесен претседател (како и еден од основачите) на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Инаку правнук на леринскиот војвода Мамин Кољо.
↑Доклад на Димитриос Кабурас от февруари 1932 г. Централен партиен архив, ф.214, оп.1, а.е.573, л.116. Цитирано по: Георги Даскалов. „Българите в Егейска Македония – мит или реалност“. София, 1996, стр. 197.
↑Погрешно нарекувајќи ги македонските жители и дејци со поимите „бугаромислечки“, „пробугарски фанатици“ и „со изјавена бугарска свест“ поради грчкото непризнавање на македонскиот народ.
↑Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 489.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 47.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 137.