Долно Каласлари (или Долно Караслари) — село во Општина Велес, во областа Клепа, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источниот дел на Општина Велес, непосредно до новата траса на автопатот Е-75. Селото е рамничарско на надморска височина од 210 метри, и е оддалечено 9 километри јужно од Велес и 38 километри северно од Неготино и 37 километри северно од Кавадарци.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[3]
Долно Каласлари е средно по големина село, коешто во 1961 година броело 330 жители, од кои 309 Македонци, 18 Албанци, 1 Србин и само 2 останати. Во 1994 година бројот се зголемил на 436 жители, од кои 435 биле Македонци и само еден останат.
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 446 жители, од кои 443 Македонци, 1 Србин и само 2 останати.[4]
Од демографски асект е интересно тоа што за разлика од Горно Каласлари каде мнозинството се Албанци и бројот на населението опаѓа, овде во Долно Каласлари живеат само Македонци и бројот на население расте.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 410 жители, од кои 335 Македонци, 3 Албанци, 1 Србин и 71 лице без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
226
1953
76
—
307
—
—
2
...
—
—
385
1961
309
18
—
...
...
1
...
2
—
330
1971
327
9
10
—
...
1
...
—
—
347
1981
395
—
—
—
—
2
...
7
—
404
1991
457
—
—
—
—
—
—
1
—
458
1994
435
—
—
—
—
—
—
1
—
436
2002
443
—
—
—
—
1
—
2
—
446
2021
335
3
—
—
—
1
—
—
71
410
Стопанство
Со развојот на мали претпријатија и формирањето на индустриска зона на излезот од Велес кон Прилеп, многу стопанственици отвориле свои фирми во и околу Долно Каласлари. Најзначаен трговски центар е „Оlympus Plaza“ - Велес со седиште во Долно Каласлари со вкупно 3000 работници. Потоа други значајни фирми се: „АУТОЛ-М“ (сервис за автомобили), „Мотел Македонија“, „Макоил“, „Макпетрол“ и некои други помали фирми.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2193 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Горно Каласлари.[7]
Чука — наоѓалиште од непознат тип од предримско време
Палеонтолошко наоѓалиште
Палеонтолошко наоѓалиште кој се наоѓа околу 3 км југоисточно од Велес во близина на селото Каласлари. Фосилното наоѓалиште е откриено во 1973 година при изградбата на автопатот Велес - Гевгелија. По богатството на пронајдените фосилни цицачи (коњи, газели, сабјозаби мачки. жирафи, свињи, кучиња и др.), ова наоѓалиште се вбројува во едно од најпознатите кои досега се откриени во светот. Површината на заштитениот простор изнесува 148 ха.
Редовни настани
Во Д. Каласлари на ден 6 мај секоја година се прославува славата Ѓурѓовден. Веќе неколку години наназад на овој ден се одржува и турнир во мал фудбал, каде што учествуваат повеќе од 15 екипи од различни места.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 24 март 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.