Мамутчево — село во североисточниот дел на подречјето на Општина Велес и реката Отовица атарот на селото се допира до областа Овче Поле, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општина Велес, во сливното подрачје на реката Отовица, а нејзиниот атар се допира со областа Овче Поле. Од градот Велес селото е оддалечено околу 10 километри. Населбата е рамничарска, на надморска височина од 400 метри. Атарот зафаќа простор од 10 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 401 ха, на пасиштатата отпаѓаат 526 ха, па затоа селото има полјоделско-сточарска функција.
По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Турски:
Доселеници: Џунделер (15 к.) доселени биле од Велес; Фетилер (20 к.) доселени биле од раселеното село Пупљени. Но постоело и предание по кое тие порано биле еден род со Џунделер; Зоголер (8 к.) доселени биле однекаде; Мемед Али (1 к.) доселени од Чашка; Далиповиќ (1 к.) доселени биле од селото Сојаклари (Јунузбегово).
Српски
Доселеници:Бечелиќ (1 к.) доселени во 1928 година од Гардиновац кај Нови Сад; Малетини (1 к.) кои биле доселени во 1928 година од Мошорин.[12]
Србите биле доселени како колонисти, а кои најверојатно биле иселени од селото од бугарските власти за време на Втората светска војна.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2191 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
Иселеници Турци од селото има во Турција, каде до 1929 година се иселиле 20 семејства во Одрин, Измир, Бруса, Ерзим Ерзерум. Иселеништвото продолжило со најсилен бран во 50тите од 20 век, па така денес нема Турци во селото.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.