Ново Село — село во Општина Велес, средишна Македонија. Денес нема жители.[2]
Географија и местоположба
Селото е сместено во рамницата на левиот брег на Вардар, меѓу Каратманово на север и Велес на југозапад. Лежи на надморска висина од 400 м. Атарот е мошне мал, со површина од само 1,2 км2.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]
Населението на Ново Село приметно опаднало во повоениот период и продолжило да се намалува. Најзначаен пад е забележан во текот на 1950-тите, веројатно поради индустријализацијата и преселбата село-град. Целосно е иселено во 1970-тите откако на пописот во 1971 г. е забележан само еден жител. Според пописот од 2002 година, Ново Село немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Македонски
Доселеници:Богојевци (4 к.), Караѓоргевци (5 к.), Хаџиовци и Ботовци (2 к.) и Петрушевци (1 к.) сите биле стари доселеници од селото Каратманово во Овче Поле; Џидимирлије (1 к.) доселени од селото Џидимирци. Кај нив имало и домазет Стојан Сандевиќ од селото Уланци; Андовиќ (1 к.) доселени од Раштани.[14]