Вардар

Вардар
Вардар во Велес
Местоположба
ДржавиМакедонија Македонија,  Грција
Физички особености
Извор 
 • местоВруток под Шар Планина
 • надм. вис.500 м
УстиеДелта на Вардар, Солунски Залив, Егејска Македонија
Должина388 км
Големина на сливот20.535 км2
Проток 
 • просечен174 м3с
Особености на сливот
Карта
Изворите на Вардар во Вруток, Гостиварско.
Националниот парк Делта на Вардар кај Гаскарка, Солунско.

Вардар — најголемата река во Македонија и воопшто целиот регион Македонија.[1] Долга е 388 км и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 км2. Извира во Гостиварско и завршува во Солунскиот Залив, Егејска Македонија, во заштитената месност наречена Делта на Вардар. Поради реката, по поделбата на Македонија по Балканските војни, овој дел на Македонија бил наречен Вардарски дел на Македонија или едноставно Вардарска Македонија. Повторно, поради својата географска одлика на овие краишта, според реката била наречена Вардарска бановина која била административна единица на Кралство Југославија во периодот 1929-1941.

Течение

Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде се влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската Клисура навлегува во Скопската Котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува низ Скопје. Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река, Вардар навлегува во малата Велешка Котлина и минува низ Велес. Овде се влеваат реките Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката Клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се влеваат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка Клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-валандовската Котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската Клисура, и течејќи низ Солунското Поле се влева во Егејското Море во паркот Делта на Вардар западно од Солун, Егејска Македонија.

Хидрографски одлики и податоци за Вардар

  • Должина: 301 км во Република Македонија (вкупно 388 км)
  • Површина на речен слив: 20 535 км2
  • Среден пад: 2,1%
  • Среден проток: 174 м3

Верзии за потеклото на името

  1. Позната е приказната дека реката го добила ова име во чест на римскиот префект на Скупи, кој се викал Варда Склир и кој го регулирал течението на реката и со тоа го спасил градот од поплави.
  2. Името Вардар е слично со имињата на други реки што течат во Средна Азија - Сир Дарjа, Аму Дарjа и Чебдар. Зборот дарjа е персиски и значи „река“, море или океан.
  3. Хидронимот Вардар веројатно потекнува од готскиот збор „Vordol“, кој е даден на реката кога Готите биле на овие простори (V век).
  4. Вардар води потекло од истоимениот тракиски збор што значи „црна вода“.

Стопанско, сообраќајно и водостопанско значење на реката Вардар

Сливот на Вардар

Во средината на XIX век, реката Вардар била пловна и по неа со сплавови се пренесувале жито, волна, дрва, сирење, мед итн. Еден сплав носел околу шест тони товар, а сплавовите од Велес до Солун пловеле за неколку часа. Во својот патопис од 1858 година, германскиот правник Јохан Хан запишал дека по Вардар се пловело и со чунови и со кајаци. Притоа, тој кажува дека првите обиди за превоз на жито од Скопје до Солун по воден пат биле направени неколку години пред тоа. Исто така, други извори потврдуваат дека житото се пренесувало од Скопје до Велес со чунови, а оттука стоката се носела во Солун со кајаци. Еден вардарски чун пренесувал околу 240 шиници жито. Изработката на вакви чунови во Велес чинела околу 600 пијастри, а во Солун чуновите морале да бидат продадени по цена од околу 10% од почетната, зашто Вардар бил премногу тежок за патување спротиводно. Чуновите се изработувале од дрво кое пристигало од Тетово, Битола и Прилеп, а најмногу ценето било дрвото од Прилеп. Инаку, најчесто чуновите патувале ноќе при што секој чун го управувале по двајца искусни кормилари. Најголеми тешкотии во пловидбата чуновите имале кај Таорската Клисура, Железната Порта кај Демир Капија и кај Циганските Теснини, а за време на транспортот на жито од Велес до Солун загубата изнесувала околу 2% од товарот.[2]

Долината и течението на реката Вардар претставуваат многу важен предел за Македонија, од економско-стопански, сообраќаен и воено-стратешки аспект. По долината на Вардар се наоѓаат автопатот „Пријателство“ (Е-75) кој е дел од европскиот коридор 10 и ја поврзува Македонија со Србија и Егејска Македонија, во горното течение на Вардар пак се наоѓа автопатот Скопје - Тетово - Гостивар кој пак е дел од европскиот коридор 8 што ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија. Како дел од истите 2 европски коридори во долината на реката Вардар се наоѓаат и електрифицираната железничка пруга Скопје - Солун и пругата Скопје - Кичево. Овие сообраќајни правци се од огромно економско и стопанско значење за Македонија со оглед на тоа што тие се главната артерија на поврзување со сите останати делови на државата и со соседните држави. Во минатото по реката Вардар се одвивала трговија и по воден пат со сплавови и чунови („гемии“), најчесто на потегот од Велес до Солун. Денес реката не е пловна, иако има некои идеи таа повторно да се направи пловна. Ваквата местоположба на долината на Вардар отсекогаш имала големо воено-стратешко значење. Денес најголемиот воен полигон на АРМ, „Криволак“, кој воедно е и регионален тренинг центар, се наоѓа токму во долината на Вардар од неговата лева страна кај селата Пепелиште, Џидимирци и Криволак. Водената моќност на реката Вардар е искористена само во нејзиниот изворишен дел каде работи ХЕЦ „Вруток“. Во план е изградба на големиот проект „Вардарска Долина“, во кој е предвидена изградба на 10 помали хидроцентрали за производство на струја, по течението на Вардар од Велес до Гевгелија[3].

Вардар како тема во уметноста и во популарната култура

Галерија

Наводи

  1. „Вардар“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Блаже Миневски, „Сплавови со шест тони стока од Велес до Солун стигнувале за неколку часа“, Публика, неделен политички прилог, број 309, сабота, 26 ноември 2016, стр. 4-5.
  3. www.elem.com.mk
  4. Macedonian Folklore Classics, Nikola Badev. Macedonian Radio and Television, MP 41020.
  5. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 38.
  6. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 186-192.
  7. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 39.
  8. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 10-11.
  9. Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.

Read other articles:

Rugby playerPaul QuinnQuinn in 2010Birth nameBernard Paul QuinnDate of birth (1951-05-05) 5 May 1951 (age 72)SchoolSt Joseph's CollegeUniversityLincoln CollegeOccupation(s)BusinessmanRugby union careerPosition(s) Loose forwardAmateur team(s)Years Team Apps (Points) Marist St Pats, Wellington ()Provincial / State sidesYears Team Apps (Points)1976–1983 Wellington ()International careerYears Team Apps (Points)1977–1982 New Zealand Māori Coaching careerYears Team1987 Texas Rugby UnionMe...

 

1986 studio album by Hank Crawford and Jimmy McGriffSoul SurvivorsStudio album by Hank Crawford and Jimmy McGriffReleased1986RecordedJanuary 29 and 30, 1986StudioVan Gelder Studio, Englewood Cliffs, NJGenreJazzLength42:05LabelMilestoneM-9142/MCD-9142-2ProducerBob PorterHank Crawford chronology Roadhouse Symphony(1985) Soul Survivors(1986) Mr. Chips(1986) Jimmy McGriff chronology State of the Art(1985) Soul Survivors(1986) The Starting Five(1986) Soul Survivors is an album by saxophoni...

 

Superseded Simplified Chinese character encoding, structured similarly to Shift JIS IBM-936Alias(es)SHIFTGB[1]Language(s)Simplified ChineseCreated byIBMCurrent statusDeprecatedTransforms / EncodesGB 2312Succeeded byIBM-1381Other related encoding(s)Shift JISvte IBM code page 936 was a character encoding for Simplified Chinese including 1880 user-defined characters (UDC). It was a combination of the single-byte Code page 903 and the double-byte Code page 928.[2][3] Code ...

Конрад фон Бюлов-Боткампнім. Conrad von Bülow-BothkampНародився 26 червня 1895(1895-06-26)Боткамп, Плен, Шлезвіг-Гольштейн, НімеччинаПомер 11 серпня 1918(1918-08-11) (23 роки)Турку, Південно-Західна ФінляндіяДіяльність офіцер, льотчикУчасник Перша світова війна і Громадянська війна у Фінлянді

 

Juru gambar teknik sedang bekerja. Juru gambar teknik adalah nama pekerjaan yang bertanggung jawab membuat gambar teknik suatu bangunan atau rancangan lainnya.[1] Seorang juru gambar teknik dapat menggunakan komputer atau sketsa manual dalam menciptakan gambar teknik. Juru gambar teknik biasanya terlibat sejak tahapan konsep desain awal. Jenis-jenis Juru gambar teknik mencakup banyak bidang teknik yang lebih khusus. Klasifikasi Baku Jenis Pekerjaan Indonesia 2002 membagi juru gambar t...

 

This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: James Stuart, 8th Earl of Moray – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (January 2021) (Learn how and when to remove this template message) James Stuart, 8th Earl of MorayEarl of MorayMoray residence, Darnaway CastleTenure1739 to 1767PredecessorFrancis St...

School in Corringham, Essex, EnglandPerformers CollegeAddressSouthend RoadCorringham, Essex, SS17 8JTEnglandCoordinates51°32′00″N 0°26′58″E / 51.5332°N 0.4495°E / 51.5332; 0.4495InformationTypeIndependent vocational performing arts collegeSpecialistMusical Theatre and DanceOfstedReportsPrincipalTracey Lee Suzette StabbingsGenderCoeducationalAge16+Websitehttp://www.performerscollege.co.uk Performers College is an independent, co-educational college specialis...

 

Paraphilia involving a sexual fixation on non-human animalsIt has been suggested that this article should be split into a new article titled Bestiality. (discuss) (November 2023) This article's lead section may be too short to adequately summarize the key points. Please consider expanding the lead to provide an accessible overview of all important aspects of the article. (November 2023)Not to be confused with Zoophily. Zoophilia is a paraphilia in which a person experiences a sexual fixation ...

 

2016 Canadian filmLovesickDirected byTyson CaronWritten byTyson CaronScreenplay byTyson CaronProduced byKyle IrvingStarringJacob TierneyJessica ParéJay BaruchelCinematographyJonathon CliffEdited byBruce LittleMusic byMatthew SchellenbergProductioncompanyEagle VisionDistributed byLes Films SévilleRelease date December 2, 2016 (2016-12-02) (Whistler) Running time93 minutesCountryCanadaLanguageEnglish Lovesick is a Canadian romantic comedy film, released December 2, 2016. ...

Main article: Bible translations into Russian Russian Synodal BibleTitle page of the original first edition - 1876Full nameБиблия. Книги Священного Писания Ветхого и Нового ЗаветаLanguageRussianNT published1822Complete Biblepublished1876Online asRussian Synodal Bible at WikisourceApocrypha1 Esdras, Book of Tobit, Book of Judith, Psalm 151, Book of Wisdom, Sirach, Letter of Jeremiah, Book of Baruch, 1 Maccabees, 2 Maccabees, 3 Macc...

 

Pamona TenggaraKecamatanPeta lokasi Kecamatan Pamona TenggaraNegara IndonesiaProvinsiSulawesi TengahKabupatenPosoPemerintahan • CamatDesmon Mewalo[1]Populasi • Total7,293 jiwa jiwaKode Kemendagri72.02.26 Kode BPS7204012 Luas487,4 km2Desa/kelurahan9 Pamona Tenggara adalah sebuah kecamatan di Kabupaten Poso, Sulawesi Tengah, Indonesia.[2] Pembagian administratif Kecamatan Pamona Tenggara terdiri dari 9 desa/kelurahan, yaitu: Amporiwo Barati Korobono ...

 

International athletics championship event2024 World Athletics Indoor ChampionshipsOrganisersWorld AthleticsEdition19thDates1–3 MarchHost cityGlasgow, United Kingdom VenueCommonwealth ArenaLevelSeniorTypeIndoorEvents26Official websiteGlasgow 2024← Belgrade 2022 Nanjing 2025 → The 2024 World Athletics Indoor Championships will be the 19th edition of the international indoor track and field competition, organised by the World Athletics. The event will be held between 1–3 March a...

For other uses, see Colby Lake (disambiguation). This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Lake Colby – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (January 2022) (Learn how and when to remove this template message) Lake ColbyLake ColbyLocation within New YorkShow map of New York Adirondack ParkLake ColbyLake Colby (the...

 

A Sande society helmet mask (1940–1965) in the collection of The Children's Museum of Indianapolis Art in Sierra Leone has a long and significant tradition of carving and ceremonial works like masks and cloth for initiation and protection. Although art styles are oftentimes ascribed to a single ethnic group (often the Mende[citation needed]), the styles and processes are spread throughout the country and many artists move between the different ethnic groups in the country.[1]...

 

YCG-14 Role Assault gliderType of aircraft Manufacturer Chase Aircraft Designer Michael Stroukoff First flight January 4, 1945 Primary user United States Air Force Produced 3 Developed into Chase CG-18 The Chase CG-14, also known as the G-14 or Model MS.1, was an assault glider manufactured by Chase Aircraft for the United States Army Air Forces during the Second World War. The aircraft failed to progress beyond the prototype stage, being overtaken by larger, improved glider designs. Des...

TrueScale MiniaturesTypePrivateIndustryManufacturingFounded2006; 17 years ago (2006)HeadquartersHong KongKey peopleGlen Chou (director)Productsdie-cast scale model carsWebsitetsm-models.com TrueScale Miniatures (also known for its acronym TSM) is a Hong Kong-based manufacturing company of collectible scale model vehicles, founded by the Taiwanese Glen Chou in 2006. By 2007 TrueScale Miniatures had released their first product; scale replicas of snap-on brand tools called Gar...

 

Replika 3 kapal Christopher Newport berlabuh di pelabuhan Jamestown merupakan permukiman Inggris pertama di negara yang di kemudian hari dikenal dengan nama Amerika Serikat. Jamestown terletak di Pulau Jamestown di Koloni Virginia dan didirikan pada tanggal 13 Mei 1607.[1] Permukiman ini didirikan oleh Virginia Company, yang berkantor pusat di London. Jamestown menjadi ibu kota koloni selama tahun 1616-1699, yang kemudian dipindahkan ke Williamsburg, yang berjarak sekitar 8 mil (13...

 

Southwest Air Lines beralih ke halaman ini. Untuk maskapai penerbangan Amerika Serikat, lihat Southwest Airlines. Untuk other uses, lihat Southwest Airlines (disambiguasi). Japan Transocean Air IATA ICAO Kode panggil NU JTA JAY OCEAN Didirikan20 Juni 1967 (as Southwest Air Lines)PenghubungBandar Udara NahaKota fokusBandar Udara IshigakiAliansiOneworld (afiliasi)Armada13Tujuan15Perusahaan indukJapan Transocean Air Co., Ltd.Kantor pusatNaha, Perfektur Okinawa, JepangTokoh utamaTakeshi Ichinosaw...

الأسرة المصرية الثالثة عشر المدة؟ تمثال من الجرانيت للفرعون سمنخكير إميريميشو بالمتحف المصري بالقاهرة عاصمة إج تاوي نظام الحكم ملكية مطلقة اللغة الرسمية اللغة المصرية الديانة ديانة قدماء المصريين التاريخ الفترة التاريخية فترة مصرية انتقالية ثانية التأسيس القرن 18 ق.م...

 

44°52′01″N 123°11′54″W / 44.86694°N 123.19833°W / 44.86694; -123.19833 AirportIndependence State AirportIndependence AirparkIATA: noneICAO: noneFAA LID: 7S5SummaryAirport typePublicOwnerOregon Department of AviationServesIndependence, OregonElevation AMSL180 ft / 55 mRunways Direction Length Surface ft m 16/34 3,002 915 Asphalt Statistics (2019)Aircraft operations (year ending 10/22/2019)33,658Based aircraft164Source: Federal Aviation Adminis...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!