Крадешка Река или Краешка Река — река во Југозападна Македонија и притока на Црна Река.
Течение
Течението на реката е во Битолското Поле, југоисточно од градот Битола. По својот тек, таа поминува низ селото Оптичари, по што се влева во Црна Река од нејзината десна страна.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 39. ISBN 978-9989-2117-6-8.