Блато (во изворишниот дел позната како Строшка Река) — река во средишниот дел на Македонија, која се влева во Црна Река како нејзина лева притока.[1]
Тек
Реката има најголема сливна површина од притоките на Црна Река, вкупно 937 км2, меѓутоа има најмал релативен пад на своето корито од само 13,2‰.[2]
Во изворишниот дел е позната како Строшка Река. Се влива во реката Црна кај селото Тројкрсти на височина од 591 метар.[2]
Долга е 44 километри.[2]
Прима повеќе притоки меѓу кои поважни се: Прилепска Река во чиј горен тек е изградено вештачкото Прилепско Езеро, потоа Зрза Река и Селишна Река.[2]
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски