Се наоѓа во Прилепското Поле, југозападно од центарот на општината и северозападно од градот Прилеп. Во селото тече реката позната под името Блато. Вранче е село од збиен тип, кое се дели на маала. Роднинските куќи се блиску, едни покрај други и групирани. Помалите делови ги имаат роднинските имиња, како: Гајдовци, Мраушковци, Ковиловци и сл. Потезите околу селата се нарекуваат: Изгиналица, Деривол, Русоица, Белчеица, Матица, Долна и Горна корија, Белуток, Различиште, Пупуница, Слатина, Тумба, Стари лозја.
Историја
Вранче е старо село. Во неговиот атар се регистрирани следниве Археолошки наоѓалишта: „Аџина Бара“ – населба римско време од средниот век; „Горна Корија“ – населба и некропола од доцноантичко време; „Длабока Бара“ – населба од доцноантичко време; Русоица – населба од доцноантичко време; „Стари Лозја“ – бакарно и римско време; „Тумба“ – населба од доцноантичко време; „Црква Свети Никола“ – осамен наод од римско време, кој се наоѓа во дворот на црквата, каде пред влезот во истата, од западната страна се наоѓаат повеќе антички споменици од мермер, и тоа: надгробни стели, делови од стебла на столбови и друго.
На три километри јужно од Вранче се наоѓа местото Тумба. Тука на почетокот на минатиот век селаните наоѓалер камени плочи, кои ги употребувале во градбата на куќите. На потегот Стари лозја, западно од Вранче, низ нивите имало изорано и стари темели. За време на турската власт тука биле формирани чифлици.
Според Турскиот пописен дефтер за Велешката каза од 1568/69 година, за Вранче е запишано дека е село – чифлик на спахијата Мустафа и Кочи, неговиот син, и дека припаѓа на Прилеп. Тогаш во Вранче живееле: Стојан Пејо, Димитри Миле, Пејо Дојчин, Никола Јован, Јовко Николин, Јован Грубан, Пејо Николин, Стојан Пејо, Којко Пејо, Димитри Пејо, Продан Пејо, Димко Рале, Грубо Димјо, Рале Пејо, Петко Рале, Стојан Јове, Продан Нове, Митан Продан, Станиша Јове, Јован Протуѓер… За првпат се спомнуваат и имиња на свештеници, кои живееле во Вранче: Поп Костадин, поп Стојан, поп Пејо и поп Никола. Вкупниот приход од Вранче изнесувал 9200 акчиња и истиот најмногу бил остваруван од пченица, мешано жито, испенџе, шира, ушур од трева, нијабет и свадбарина, данок за ситна стока.[2]
Во екот на револуционерните борби против Османлиите, во селото постоел револуционерен кружок кој делувал во селото и околината.[3] Во мај 1902 година по инструкција на Окружниот комитет на МРО за Прилеп, во Вранче се состанале војводите со четите на: Веле Марков, Славејко Арсов, Петар Ацев и Ѓорѓи Сугарев. На Состанокот во Вранче биле донесени неколку одлуки, меѓу кои и формирање на четврта чета, прилепска, на чело со Петар Ацев од трите дотогаш постоечки чети: битолската, крушевската и кичевската.[4]
За време на Илинденското востание и по него биле уапсени голем број селани под обвинение за членство и помагање на ТМОРО.[5]
Стопанство
Во минатото селото важело за едно од најбогатите прилепски села. Денес, главен извор на приход е земјоделството.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
659
—
1953
720
+9.3%
1961
724
+0.6%
1971
506
−30.1%
1981
240
−52.6%
Година
Нас.
±%
1991
161
−32.9%
1994
147
−8.7%
2002
105
−28.6%
2021
84
−20.0%
Во XIX век, Вранче било село во Прилепската каза на Османлиското Царство. Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година кога имало 20 семејства и 2 неженети, сите христијани.[6] Понатаму, во 1481/82 – 25 семејства и 3 вдовици; во 1544/45 – 90 семејства, 11 неженети и 6 вдовици, но овој пат се сретнуваат и 2 муслимански семејства; во 1568/69 – 35 семејства, 77 неженети и 3 вдовици.[7]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вранче (Vrantché) било село со 69 домаќинства и 308 жители. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото е населено со 520 жители христијани и 10 Роми.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вранче се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[11]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 105 жители, сите Македонци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 84 жители, од кои 79 Македонци и 5 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Гајдовци (6 к.) и Апостоловци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде; Кандовци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Крапа во Порече.[18]
Од Вранче иселени се: Паламидовци, се иселиле во Сенокос; Илиовци, се иселиле во Локвени; Коневци, се иселиле во Жабјани. Пижаковци живеат во Дедебалци. Многу семејства се иселени во Прилеп и Скопје, но и во странство.
↑„Вранче“. OLDPRILEP.COM. 2012-01-27. Посетено на 2018-10-20.
↑|, Historian-View Profile (2007-03-15). „1, Страданията на 323 македонски затворници в Дијарбекир, през 1903-1904“. Страданията на 323 македонски затворници в Дијарбекир, през 1903-1904. | HISTORY OF MACEDONIA, ИСТОРИЯ НА МАКЕДОНИЯ, MACEDONIA HISTORY. Посетено на 2018-10-20.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
↑Димески, Димитар (1982). Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает (1893-1903). Скопје: Студентски збор. стр. 428.
↑Ѓорѓиев, Драги, превод и коментар (2003). Амнестираните илинденци во 1904 година. Скопје: ДАРМ, ИНИ. стр. 17–19. ISBN9989-624-84-4.
↑Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 68
↑Стојановски, Александар, Ѓорѓиев, Драги (2001). населби и население во Македонија - XV и XVI век. Скопје: ИНИ, ДАРМ. стр. 48. ISBN9989-624-58-5.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN9989649286.