Сливје се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, непосредно од десната страна на реката Рибник. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 625 м. Од Прилеп е оддалечено 29 км. Селскиот атар зафаќа површина од 2,6 км2.[2]
Стопанство
Селото има полјоделска функција и на неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 186 ха.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
183
—
1953
215
+17.5%
1961
199
−7.4%
1971
196
−1.5%
1981
93
−52.6%
Година
Нас.
±%
1991
40
−57.0%
1994
32
−20.0%
2002
35
+9.4%
2021
23
−34.3%
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година како дел од Прилепскиот Вилает и во него живееле 37 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сливје се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, од кои 21 Македонец и 2 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во селото се: Кунтушовци (6 к.) по потекло се од селото Бистрица, Азот, го знаат следното родословие: Илија (жив на 67 г. во 1950-тите) Стојан-Трајко, основачот на родот, Трајко од Бистрица најпрво се доселил Браилово, па потоа во Пешталево, па се вратил назад во Браилово, во Сливје дошол синот на Трајко, Стојан; Михајловци (3 к.) доселени се од селото Рилево, таму припаѓале на родот Машуловци кои биле староседелци; Минчевци (4 к.) доселени се од Заград, тоа е сега раселено село близу Прилеп, во Сливје дошле 1900 година; Спировци (3 к.) доселени се во 1900 година од селото Секирци, таму припаѓале на родот Тренковци; Котевци (3 к.) доселени се во 1900 година, пред тоа живееле во селото Браилово и некои други прилепски села; Антовци (5 к.) доселени се во 1902 година, пред тоа живееле во Браилово, Ропотово и Пешталево; Стамболџиовци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Зрзе, таму припаѓале на истоимениот род, подалечно потекло имаат од Дебарско; Тренковци (1 к.) доселени се од селото Секирци, таму потекнувале од домазет доселен однекаде; Ропановци (1 к.) доселени се од Рилево, таму имаат истоимени роднини доселени однекаде.[15]
Општествени установи
Во селото порано имало основно училиште во коешто се одржувала настава до четврто одделение.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 март 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN978-608-65143-2-7.