Николина Николески ( 1976, Загреб, Хрватска) — хрватска гимнастичарка и танчерка со македонско потекло. Моментално живее во Индија и е нарекувана кралицата на баратанатјам, класичниот индиски танц.[1]
Животопис
Николески е родена во 1976 година во Загреб, Хрватска во семејство на Благоја од прилепското село Вранче, кој како офицер, заминал во Загреб и Ѓурѓа, хрватка од Загреб. Почнала со гимнастика, јога, завршила средно училиште за танц и ритми во Загреб. Отишла на танчарската академијата во Германија, добила стипендија во Индија, преку индиската влада. Првите студии по баратанатјам, класичниот јужно индиски танц, ги започнала во јужна Индија. Потоа се префрлила на институтот во Њу Делхи. По дипломирањето професионално се занимава со танцот, а подучува деца и во училишта.[2] Многу е популарна во Индија.
Наводи
Надворешни врски