{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}13,5 км2 км2
Најг. длабочина
135 м м
Зафатнина
0,38 км3 км3
Козјак — вештачко езеро во Западна Македонија, најголемо во државата, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.
Езерото е создадено во 2004 г., кога започнала со работа хидроцентралата „Козјак“, со капацитет од 150 гигават-часови просечно годишно производство на електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери. Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 0,38 км3 вода.[1]
Флора и фауна
Во акумулацијата Козјак се среќаваат девет видови риби, но не е исклучено да се најдат и други видови на риби.[2] Во последните години активно и редовно се врши порибување на езерото.