Слатинска Река — река која извира на источните падини на планината Челоица, на надморска височина од 1.720 метри. Поминува низ селото Слатина, по кое го добила и своето име. Се влева во реката Треска, на надморска височина од 510 метри.[1]
Реката е долга 9,3 километри и претставува лева притока на Треска. Вкупниот пад меѓу котата на изворот и на вливот е најголем од сите притоки на реката Треска.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Димитровска, Олгица (2012). Географски разгледи. Скопје: Институт за географија. стр. 43.
Надворешни врски
Поважни притоки на реката Треска |
---|
| Леви | |
---|
| Десни | |
---|
| |
|