Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Боротин во XV век (1468 г.). Името доаѓа од личното име Борота или Боротин.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во југозападниот дел на Прилепското Поле, а на јужната страна на Општина Кривогаштани. Селото е сместено главно во средишниот дел меѓу двата пата од Прилеп за Битола и од Прилеп за Крушево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 590 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 21 километар,[3] додека од општинското средиште Кривогаштани е оддалечено 10 километри.
Селото се наоѓа на левата страна од реката Блато. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Кадино Село на исток, Загорани на југ, Пашино Рувци и Обршани на запад и Врбјани на север. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари. Околу селото нема извори.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Боротинска Рудина, Ластојца, Преко Блато, Аљојца, Голема Нива, Рамаданица и Петков Вир.[4]
Главниот пат со правец исток-запад го дели селото на два дела: северен кој се нарекува Горно Маало и јужен, Долно Маало.[4]
Историја
Источно од селото се наоѓа месноста Рудина, каде мештаните откопувале големи ќупови.[4]
Поради близината на реката Блато и подрачјата погодни за поплавување, селото било силно погодено при поплавите во 1937 година, кога било срушено.[4]
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 9,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 807,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 35,6 хектари, а на шумите отпаѓаат само 3,3 хектари.[3]
До 1912 година, целото село било чифчијско и единствено две куќи од родот Ѓорѓиовци имале своја земја. Последните сопственици на чифлиците биле од Прилеп (Зуљам-оџа, Камбер-ага, Алабак, Афуз, Аџи Илија, Илија и Милан). Последните тројца биле Македонци, кои ги купиле чифлиците пред 1912 година. Од 1912 година, селаните започнале да ја купуваат земјата од сопствениците на чифлиците. По Првата и Втората светска војна, некои селани добиле државна земја со аграрните реформи.[4]
По Втората светска војна, државниот комбинат „Славеј“ во поранешното село Александрово и претпријатие со седиште во Воѓани зазеле голем дел од атарот на селото.[4]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
303
—
1953
351
+15.8%
1961
352
+0.3%
1971
353
+0.3%
1981
336
−4.8%
Година
Нас.
±%
1991
270
−19.6%
1994
264
−2.2%
2002
277
+4.9%
2021
265
−4.3%
Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства 175 жители мажи.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Боротино се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 38 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]
Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 352 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 264 жители и тоа преминало во мало село, населено со македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Боротино живееле 277 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 265 жители, од кои 264 Македонци и 1 лице без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:
Староседелци:Ѓоргиовци (4 к.), Секуловци (1 к.) и Шестаковци (1 к.), најверојатно се староседелци;
Доселеници:Просаровци (3 к.) и Пупалевци (2 к.), шетале по многу села, овде се доселени во турско време; Огњановци (1 к.), доселени се однекаде; Раловци (5 к.), доселени се од Мало Коњари, таму им се род Каравеловци; Размовци (1 к.), шетале по многу села, овде дошле од Обршани пред 1912 година; Стригловци (2 к.), и тие шетале насекаде, доселени се пред 1912 година; Ујгуновци (5 к.), доселени се од Пашино Рувци; Барлевци (2 к.), доселени се од селото Големо Коњари; Јанчевци (2 к.), доселени се во 1913 година од селото Загорани; Волчевци (3 к.), доселени се 1913 година од селото Секирци; Ќајовци (2 к.), доселени се од селото Обршани; Брсјаковци (1 к.), доселени се од селото Загорани, таму имаат истоимени роднини доселени од Железник; Бучинци (3 к.), доселени од Бучин; Веселчани (1 к.), доселени од Веселчани; Блажевци (1 к.), Максим (1 к.) и Тасевци (1 к.), доселени од селото Базерник во Железник во 1947 година; Таљомановци (1 к.), доселени од селото Куратица во Охридско во 1947 година.
Иселеништво
Се знае за следните иселеници од ова село. Родот Бозовци иселени се во Загорани, Крбалевци иселени се во Врбјани, Лисковци иселени се во Поешево, Мисирковци иселени се во Мало Коњари, Шестаковци и Кромидовци иселени се во Ерековци.[4]
Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Мало Коњари, во која покрај селото Боротино, се наоѓале и селата Врбјани, Големо Коњари, Кадино Село, Мало Коњари, Мирче Ацев и Славеј. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Боротино, во која се наоѓале селата Боротино, Обршани и Пашино Рувци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1517 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2022.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.