Света Марина (или Света Марена) — главна селска црква во прилепското село Боротино, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на влезот во селото од насока на Обршани. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
Црквата се наоѓа во југозападниот дел на селото.[3]
Историја
Црквата е подигната во втората половина на XIX век и претходно на нејзино место немало ништо.[3] Била завршена и осветена во 1862 година од митрополитот Венедикт Византиски.[4]
Архитектура
Претставува еднокорабна градба со висок свод и тристрана апсида однадвор.[4]
Фрескоживопис
Целосно е живописана во 1862 година од зографот Станко Цветков од Крушево.[4]
Во припратата на црквата се чува римска мермерна статуа без глава и дел од градите.[5]
Галерија
-
Селските гробишта
-
Влезот
-
Камбанаријата
-
Апсидата
-
Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски