Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:
Божиновци (дел од нив го носат и презимето Лазаровски по нивниот прадедо Лазар кој датира во селото од пред 1900 година)
Доселеници:В’лкановци доселени се од Егејска Македонија. Во Рудник за нив се зборува дека се доселени од Охридско; Кусевци доселени се од Кривопаланечко; Шоповци се делат на Васевци и Ѓоргијовци, доселени се од некое село Трново над Куманово; Ѓоровци доселени се од кај Гнилане во Косово; Јанкуловци не знаат од каде се доселени. Во Рудник за нив се зборува дека се од околинат на Призрен во Косово; Јовановски дошол како домазет од селото Ѓуземелци, а уште подалечно потекло од Горобинци во Овче Поле.[7]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект сопственос здравковиќ росанда во Рудник. Во избирачкото место се опфатени населените места: Лугунци, Рудник, Ветерско.[8]