Влахчани или Влахчени — историско село во северниот дел на Општина Велес.
Селото било сместено во областа Гроот, на десниот брег на реката Вардар. Денес местото е во атарот на соседното село Сопот.
Во 1859 г. Јордан Хаџи Константинов-Џинот напишал дека Влахчани е село со 10 куќи, сите Турци.[2] Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Влахчани (Vlahtchani) е наведено како село со 6 домаќинства и 12 жители Македонци муслимани,[3] кои го примиле исламот, но си ги задржале јазикот и обичаите, и 16 жители Македонци христијани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Влахчени е сосема македонско село со 40 жители Македонци христијани и 60 Турци.[3][5]
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 г. во Влахчане (Vlahtchané) има 32 Македонци.[3][6]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Влахчани (Vlahcani) како турско село.[7]
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!