Џидимирци е село сместено во крајниот североисточен дел на Општина Велес, неговиот атар се допира до границите на општините Свети Николе и Петровец односно со Овчеполието и Скопската Котлина. Од градот Велес, Џидимирци е оддалечено 27 километри. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 490 метри во изворишниот дел и горното течение на реката Отовица во подножјето на Градиштанска Планина (Ѓуриште)[2]. Селските куќи се распоредени на две ритчиња од исток и запад[3]. Атарот зазема простор од 14,7 км2, а на него преовладуваат шумите со 893 хектари, потоа следуваат пасиштата со 367 ха и обработливото земјиште со 124 ха[2].
Историја
Селото Џидимирци отсекогаш било населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед. Најстариот пишан запис за селото потекнува од турските документи ов 1573 година каде што тоа е запишано под името Жидмирци[4]. Селото Џидимирци е запишано и во манастирски кодик од XVI век под името Жемирци[4]. Во средновековниот период пишан запис за Џидимирци се среќава и во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 за Скопскиот вилает од 1452/53 година, каде за селото запишано како Зидмирци е запишано дека во него живееле со 5 христијанскимакедонски и 2 муслимански семејства кои плаќале данок за земјарина[5]. Меѓу жителите на Џидимирци постои предание дека селото најпрвин се наоѓало на месноста Селиште каде има остатоци од стара црква и гробишта со до големи надгробни крстови од камен[3]. Поради тврдењето дека во селската шума се криеле македонските ајдути и комити, турските и албанските насилници извршиле колеж врз месното македонско население, а тие коишто успеале да се спасат го основале денешното село Џидимирци[3].
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Сè до почетокот на втората половина на XIX век, Џидимирци било „рајатско“ село, односно слободно село, во кое селаните имале своја сопствена земја[6]. Доста е занимливо народното кажување, како селото било почифличено од познатиот Јашар-бег од Скопје. Околу 1860 година старешина (кмет) на Џидимирци бил Македонецот Гајтан Велко[6]. Во тоа време бегот и кметот ги „притиснале“ селаните и ги прогласиле за должници, при што Гајтан Велко на суд го „продал“ селото на Јашар-бег и со тоа Џидимирци станало „негов“ чифлик[6]. Со анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија, во 1887/88-тите години на XIX век, турските власти во ова велешко село (како и во уште неколку велешки села, меѓу кои Ветерско, Отовица) насилно на земјата на селаните населила муслимански бегалци Бошњаци , Турци и Албанци (Маџири)[7] кои потоа се иселиле со повлекувањето на Турците, и селото повторно го добило својот чист македонски карактер кој го има задржано и денес. Најтежок и најнеподнослив период биле годините од 1908 до 1911 кога голем дел од Македонците се иселиле поради злоделата и насилствата на доселените муслимани. До повлекувањето на муслиманите во 1912 во Џидимирци имало само 8 македонски куќи[7].
Во најстариот историски запис од 1573 година селото е запишано како Жидмирци, а во XIV век е запишано и како Жемирци[4]. Според П.Скок името на селото означува фамилиска населба, задруга или слично[7]. Оттаму, не е исклучено името на селото да потекнува од личното име на некој кој бил основач или стопан на селото на пр. Жидимир кое е познато и присутно име во средновековието или пак Хаџи Димитар. Научните истражувања потврдуваат дека името на селото потекнува од личното име Жидимир или од топонимот Жидимир (дол, рид) што подоцна во изговорот било Турцизирано при што настанал денешниот облик Џидимирци[4]. Во Македонија постои уште едно село со име Џидимирци кое се наоѓа во рамките на Општина Неготино од левата страна на Вардар, меѓутоа за неговото име се знае дека настанало од Хаџи Демирли, а подоцна под влијанието на христијаните било преобразено во Џидимирци.
Стопанство
Жителите на селото исклучиво се занимаваат со земјоделство. Се одгледуваат градинарски култури (кромид, лук, морков, домат, краставици) но пред сè за домашна употреба. На пространите зарамнети ниви во непосредна близина околу селото се одгледува жито и тоа најмногу пченица и јачмен, а во помала мера и стрмни жита како 'рж и овес. Покрај земјоделството застапени се и сточарството (одгледување на крави, кози и овци) и живинарството (одгледување на кокошки, гуски и други домашни птици). Ридестиот предел и големото пространство на нискостеблеста и грмушеста листопадна шума, многу придонесуваат за одгелдување на кози, па така многу поранешни жители, денес повратници се занимаваат со одгледување на кози и правење козјо млеко и сирење. Козарството е најразвиено во целиот поширок регион. Поради чистата природа и околина, во селото многу е застапено пчеларството и речиси секоја куќа има пчелни сандаци. Поради големата застапеност на шумите (листопадни: најмногу даб, орев, костен, врба, топола, а ретко и бука) развиено е и шумарството и сечењето дрва за огрев. Во близината на селото има големи наоѓалишта на камен за градежништво (ѕидање) познат како „ѓуришки камен“. Ридестиот и шумовит предел и големиот број на дивеч го прават Џидимирци привлечно за ловењето на диви животни, па така со одлука на Советот на Општина Велес, поранешната училишна зграда во селото му е доделена на користење од 10 години како ловен дом на ловното друштво „Руен“ од Велес.[8]. Во минатото селаните на Џидимирци оделе на пазар во Велес и Свети Николе[3].
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
340
—
1953
349
+2.6%
1961
266
−23.8%
1971
127
−52.3%
1981
43
−66.1%
Година
Нас.
±%
1991
19
−55.8%
1994
18
−5.3%
2002
9
−50.0%
2021
2
−77.8%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Жидмир и било христијанско, каде имало 30 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 131 мажи христијани, со 18 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 298 жители.[9]
Селото Џидимирци е мало и е во фаза на раселување. Бележи постојан пад на бројот на жителите па така од 266 жители (сите Македонци) во 1961 година, бројот опаднал на само 18 жители (сите Македонци) во 1994 година[2], а на пописот од 2002 година се попишани 9 жители, сите Македонци.
Во селото има 5 куќи со постојани жители и десетина викенд-куќи на иселените жители од селото. Заблежано е повратништво на иселени жители, кое е претежно привремено, но и трајно.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото Џидимирци отсекогаш било населено со Македонци од православна вероисповед. Македонски родови во слелото се: Павлешинци (од с. Павлешенци - Овче Поле, Св.Николско), Мишковци (од с. Лисиче - Велешко), Шутевци од (с. Кнежје - Овче Поле, Св.Николско), Мечкови (познати и како Цинцарови, од с. Милино Овче Поле, Св.Николско), Макавеевци и Шуманци (двата рода од с. Ѓуземелци - Овче Поле, Св.Николско) [7]. Во Џидимирци изумрел родот Мишеви, од кој потекнувал кметот Гајтан Велко. Дел од овој род се иселил и во Свети Николе, каде исто така изумреле[14].
Општествени установи
Во селото постои црквата Свети Никола[15], како и 2 цркви во околината посветени на Света Троица и Свети Атанасиј. Во селото постои некогашната училишна зграда, која денес служи како ловен дом на ловното друштво „Руен“ од Велес.
Самоуправа и политика
Селото Џидимирци е месна заедница во рамките на Општина Велес со претстедателот Тони Ѓорѓиевски[16].
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2189 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственост на ордевски никола. Во ова избирачко место е опфатено и селото Крушје.[17]
Иселеници од Џидимирци се забележани во Скопје, Велес, Свети Николе и велешките села Новачани и Ново Село[7]. Дел од жителите на Џидимирци кон крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години на XX век, се иселиле и на купените имоти од иселените Турци во соседното велешко село Иванковци.
Галерија
Поглед на селото Џидимирци
Поглед на селото Џидимирци
Поглед на селото Џидимирци
Поглед на селото Џидимирци
Поглед на селото Џидимирци
Ловечкиот дом "Руен" во зградата на некогашното училиште
↑ 2,02,12,2Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр. 321
↑ 3,03,13,23,3Поп-Јовановски Апостол. „Македонски народни легенди“. НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр. 80
↑ 4,04,14,24,3Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 200.
↑Соколоски, Методија (1976). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 213.
↑ 6,06,16,2Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 72
↑ 7,07,17,27,37,4Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 73
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.