Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Староседелци: Лавчиовци (5 к.) според родовското презиме имаат потекло од некогашното одамна раселено велешко село Лавчани близу денешното село С'лп крај десниот брег на Вардар и имаат далечни роднини во селото Белештевица, Петревци (4 к.), Дрнковци (3 к.), Науновци (1 к.), Угриновци (1 к.), Здравковци (10 к.), Саздовци (4 к.) и Ѓоргијовци (2 к.)
Доселеници: Цуцуловци (4 к.) и Анчевци (2 к.) порано биле еден род. Доселени се однекаде; Дреновчани или Василковци (7 к.) доселени се од селото Дреново; Белештевци (3 к.) доселени се од селото Белештевица; Карбуневци (2 к.) доселени се од селото Карабуниште.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на месна заедница.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“