Од демографски аспект е интересно што во 1961 година селото имало 605 жители од кои 522 Турци и 24 Албанци. Но, со иселувањето на Турците во Турција, денес Бузалково има 1.273 жители од кои 1.248 се Албанци и 22 Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.614 жители, од кои 1 Македонец, 1.566 Албанци, 2 Бошњаци и 45 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата во 1929 година, родови во селото се:
Муслимани (Албанци)
Доселеници:Јата (5 к.) најстар род во селото, доселени се од селото Дејковец во скопско, живеат во Долно Маало. Основачот на родот бил Хасан; Стрезимир или Стрезимировци (6 к.) доселени се од селото Горно Јаболчиште. Таму се доселиле од селото Стрезимир во Горна Река; Џине (2 к.) доселени се од селото Тисовица во скопско, таму имаат роднини; Љуше (1 к.) доселени се од селото Дејковец; Теш или Тешовци доселени се од Дејковец; Мере; Цене (3 к.) доселени се од селото Дејковец; Лонгур (1 к.) по потекло се од селото Врбјани во Горна Река. Од таму се населиле во Горно Јаболчиште, па потоа прешле во Бузалково. Во Врбјани имале роднини; Пел (1 к.) доселени се од селото Добрино во скопско; Шкурталар (1 к.) доселени се од селото Гумалево; Џоке (1 к.) доселени се од селото Рамни Габер кај Скопје. Подалечно потекло од Ѓаковица во Косово; Хуталар (1 к.) доселени се од селото Вражале во скопско.
Православни (Македонци)
Доселеници:Маневи (1 к.) доселени се од селото Рлевци; Маневи (1 к.) и они се доселени од селото Рлевци; Караџовци (1 к.) потекнуваат од Еленоводица, па од таму се населиле во Рлевци, и на крај во ова село; Митушеви (1 к.) доселени се во 1916 година од Дреново; Стефанови (1 к.) доселени се од селото Белештевица; Трајкови (1 к.) доселени се од Ораов Дол.[8]
Општествени установи
Во Бузалково се наоѓа амбуланта, осумгодишно основно училиште, пошта.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2201 и 2201/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
Кошаркарскиот репрезентативецВладимир Брчков, моментално играч на КК Кожув, е роден во ова село. Тој основното училиште го завршил во своето родно село, а гимназија во градот Велес.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑. Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села (српски). 33. Белград: Етнографски музеј. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)