Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Турци.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 156 жители, од кои 153 Македонци, 2 Бошњаци и 1 Турчин.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 110 Македонци, 2 Турци, 2 Бошњаци, 4 останати и 7 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:
Турски:
Доселеници:Фазлиовци (3 к.) не го знаат потеклото; Лимановци (1 к.) доселени од соседното Мамутчево, каде немаат повеќе свои роднини.
Македонски:
Староседелци:Ѕинѕировци (3 к.), Маневиќ (1 к.)
Доселеници:Гајговци (2 к.) доселени се од Чука, овде се доселиле браќата Тане и Гоче; Камчевиќ (1 к.) доселени се однекаде овде живеат од многу одамна; Настовиќ (1 к.) доселени се од овчеполскоЦрнилиште; Саздовиќ (1 к.) потекнуваат од домазетот Саздо доселен однекаде; Јовановиќ (1 к.) и Николиќ (1 к.) непознато потекло; Теовиќ (1 к.) доселени од селото Мокрени во Азот; Костиќ (2 к.), Колевиќ и Чурлиновци (1 к.) со непозно потекло; Милошевиќ Диме (1 к.) доселени од селото Војница; Богдановиќ доселени од селото Ораов Дол.
Колонисти од Србија;
Доселеници:Стаменковиќ (1 к.) доселени се од селото Жбевац кај Ристовац; Чварковиќ (2 к.) доселени се од Кикинда; Јеремиќ (2 к.) доселени од Елемир во Банат; Бечејац (1 к.) доселени се од Бегеја; Јовиќ (1 к.) доселени се од Мокрино во 1929 година, а подалечно потекло од Панчево; Шијачки (1 к.) доселени во 1929 година од Ада; Потран (1 к.) по потекло Словаци, доселени се од Стара Пазова.[10]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2185 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“