Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 28 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 132 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, селото имало само 1 жител, Турчин.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото Крушје немало жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
238
1953
—
—
262
—
—
—
...
—
—
262
1961
—
138
94
...
...
1
...
37
—
270
1971
—
72
22
—
...
—
...
32
—
126
1981
—
11
37
—
—
—
...
17
—
65
1991
—
—
14
—
—
—
...
—
—
14
1994
—
—
1
—
—
—
...
8
—
9
2002
—
—
1
—
—
—
—
—
—
1
2021
—
—
—
—
—
—
—
—
—
—
Родови
Крушје било турско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:[6]
Турски
Родови од словенско потекло:Смаколар (3 к.), Таракчилар (2 к.), Одолар (1 к.), Мемишлер (1 к.), Бајрамлар (2 к.), Мрлелер (2 к.), Иљазлар (2 к.), Узун-Али (2 к.), Алиманлар (2 к.) и Беќиралар (1 к.) сите овие родови се доселени од селото Брод во Гора. Во родот Смаколар се знае следното родословие: Фазли (жив на 60 г. во 1952 година) Ибраим-Усеин-Арслан-Исмаил, кој се доселил во селото; Торбешлар (5 к.) доселени се во 1915 година од селото Броштица во Дебарско. Кога се доселиле збореле македонски; Муса-Зеќир (3 к.) доселени се во 1915 година од селото Мелница. И они кога се доселиле збореле македонски; Жителите на селото највеќе брачни врски одржувале со Турците од Средно и ДолноКоњари.
Родови од турско потекло:Оџалар (4 к.) доселени се во 1925 година од селото Средно Коњари. Таму имале роднини наречени Имерлер; Каранџа (1 к.), Мула-Имер (1 к.) и Иплер (1 к.) и они се доселени од селото Средно Коњари.
Ромски
Доселеници:Неџолар (3 к.) зборуваат ромски. Жителите на овој род се ковачи. Доселени се од селото Средно Коњари.
Избирачко место
Селото е опфатено избирачкото место бр. 2189 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственос на ордевски никола на селото Џидимирци.[7]
До 1952 година од селото во Турција се иселиле околу 40 семејство. Иселувањето продолжило и потоа. Во 1958 година во селото се населиле Бошњаци од Санџак. Но и тие се иселиле од селото.[6]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑ 6,06,1Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје.