Мајсен (германски: Meißen) — округ во Саксонија, Германија. Тој се граничи со (од север надесно) покраината Бранденбург, округот Бауцен, урбаниот округ Дрезден, окрузите Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, Средна Саксонија и Северна Саксонија.
Историја
Округот потекнува од Амт Мајсен (Amt Meißen), кој бил првпат споменат во 1334 година. Округот бил владеен од Ветинската династија. Грофовите од Мајсен создале административна единица (Amt) во XIII век. Во 1835 година, Амтот бил претворен во Amtshauptmannschaft, со област на моменталниот округ покриен од Amtshauptmannschaften Мајсен, Дрезден и Гросенхајн. Во 1939 година, овие биле преименувани во окрузи (Landkreise). Во административната реформа од 1952 година, неколку општини биле преместени во окрузите Фрајберг и Дебелн. Во 1990, старите окружни граници биле вратени, а во 1996 биле додадени делови на Дрезден-Ланд. Во август 2008, округот Риза-Гросенхајн бил додаден на денешниот округ, со што ја добил и моменталната големина.
Географија
Главна река во округот е Елба, која исто така тече низ градот Мајсен.
Грб
|
|
Грбот прикажува лав, симбол на грофовите од Мајсен. Грбот бил донесен на 16 ноември 1992 година и повторно со едно проширување на 20 февруари 1997 година. Тој е идентичен со тој на Фландрија.
|
Градови и општини
Наводи
Надворешни врски
51°13′N 13°31′E / 51.217° СГШ; 13.517° ИГД / 51.217; 13.517
|
---|
| Градски | |
---|
| Селски | |
---|
| Поранешни градски | |
---|
| Поранешни селски | |
---|
|