Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Саксонска Швајцарија и Вајсериц, како дел од реформата на окрузите во август 2008.
Географија
Округот се наоѓа помеѓу Дрезден и Чешка. Во југозападниот дел на округот се наоѓа најисточната точка на Рудните Планини („Erzgebirge“), а југоисточниот дел на округот е именуван Саксонска Швајцарија, која е дел од Елпските Песочни Планини. Главна река во округот е Елба.