Фрајтал (германски : Freital ) — поголем град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини , во сојузната покраина Саксонија , Германија . Градот е сместен веднаш до малата река Вајсериц и се наоѓа 8 километри југозападно од Дрезден .
На 1 октомври 1921 година, местата Дојбен, Делен и Почапел се здружиле заедно и станале град. Првите размислувања за спојување на местата биле на крајот на XIX век.
Географија
Двете реки Роте Вајсериц и Вилде Вајсериц се спојуваат во Хајнсберг, округ на Фрајтал. Други притоки на обединетата Вајсериц се: Видериц, Појзенбах и некои помали потоци.
Соседни општини
На североисток Фрајтал се граничи со покраинскиот главен град Дрезден . Соседни општини од округот Зексише Швајц-Остерцгебирге од исток во правец на стрелките на часовникот: Баневиц , Рабенау , Хекендорф , Тарант и Вилсдруф .
Градски единици
Вајсиг (со Обервајсиг и Унтервајсиг)
Вургвиц (со Колсдорф, Нидерхермсдорф и Хамер)
Дојбен (со Нидерхеслих и Швајнсдорф)
Делен
Почапел (со Нидерпестервиц)
Хајнсберг (со Космансдорф и Екерсдорф)
Клајнаундорф
Бург
Биркигт
Цаукероде
Залхаузен
Пестервиц
Зомсдорф
Познати луѓе
Родени во Фрајтал
Оскар Беме , 1870–1938, германски композитор
Корнелиус Шнаубер , роден во 1938, германски научник, историчар, текстописец и биограф
Уве Беверсдорф , роден во 1958, поранешен германски лизгач
Јенс Крупа , роден во 1976, германски пливач
Керстин Черлих , роден во 1978, германска одбојкарка
Том Старке , роден во 1981, германска голманка
Феликс Михел , роден во 1984, германски кану-спортист
Познати жители
Наводи
Надворешни врски
Грб