Округот бил создаден во 1994 со спојување на двата претходни окрузи, Лебау и Цитау. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Географија
Главна река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава и границата со Полска. Главно е сместен на ридското подрачје на Лужичките Возвишенија; највисоката точка е Лауше („Lausche) со 793 метри надморска височина.
Грб
Грбот покажува карактеристична куќа од областа, со две кули позади. Кулите ги претставуваат градските собранија во градовите Лебау и Цитау.