Територијата на овој округ не била дел од Саксонија пред Втората светска војна; туку, заедно со градот Герлиц, бил дел од германска Шлеска. Кога поголемиот дел од Шлеска припаднал на Полска по војната, малиот дел од шлеската покраина бил споен со Саксонија.
Моменталниот округ бил создаден во 1994 со спојување на претходните окрузи Ниски и Вајсвасер и поголемиот дел од поранешниот округ Герлиц. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Географија
Главната река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава границата со Полска. Теренот главно е ридски, со широки долини. Во минатото постоеле бројни мочуришта, кои сега се претворени во плодни земјишта.
Камениот ѕид во долниот дел на грбот е симбол на регионот Горна Лужица, со нејзините три врвови симболизирајќи ги трита окрузи, кои се споиле заедно. Листовите од липа ги симболизираат Лужичките Срби, словенско малцинство. Штитот над ѕидот е стариот грб на пруската покраина Долна Шлеска (Niederschlesien).