Округот бил создаден во 1994 година со спојување на двата претходни окрузи Риза и Гросенхајн. Во август 2008, бил припоен кон округот Мајсен.
Географија
Округот се наоѓа во низина, северно од виртуелната линија, која ги поврзува Лајпциг и Дрезден. Главна река е Елба, која тече низ округот од југ кон северозапад.
Грб
Гранките од липа во левиот дел на грбот ја симболизираат природата на округот и исто така симбол за Риза, бидејќи биле присутни во грбот на Риза од 1623. Црниот лав на жолта основа е за Гросенхајн, бидејќи бил присутен во грбот на градот Гросенхајн. Запченикот долу ја симболизира индустриската традиција во округот, главно производствот на железо и челик, инженерство и текстил.