Гросенхајн првично била лужичка населба. Првпат бил споменат во 1205.[2] Едно време бил окупиран од Бохемија, при што бил силно утврден. Потоа преминал во посед на грофовите од Мајсен, од кого во 1312 бил преземен од грофовите од Бранденбург. Во средниот век, Гросенхајн бил еден од најмоќните градови во Саксонија. Значително настрадал во сите големи германски војни и во 1744 бил скоро целосно уништен од пожар. На 16 мај 1813, се водела голема битка помеѓу Французите и Русите.
↑Großenhain, Steifzug durch eine sächsische Kleinstadt 2002, Gräser Verlag
Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)