Радебург (германски: Radeburg) — град во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 19 километри источно од Мајсен и 18 километри северно од Дрезден. Главна туристичка знаменитост е железничката линија на тесен колосек Радебојл-Радебург, кој ги поврзува Радебург и Радебојл, преку Морицбург. Сликарот и илустратор Хајнрих Циле е роден во Радебург.