Округот бил основан во 1994 со спојувањето на поранешните окрузи Бауцен и Бишофсверда. Округот Каменц и слободниот град Хојерсверда биле припоени кон округот во август 2008.
Географија
Округот припаѓа на регионот Горна Лужица (Oberlausitz). На југ се протегаат Лужичките Планини. Пејзажот се израмнува на север.
Реката Шпре влегува во округот од југоисток и тече низ Ширгисвалде и Бауцен пред да го напушти на север. Пред Бауцен на реката има брана со вештачкото езеро Бауцен, 5,5 км2).
Грб
Грбот на округот е идентичен од грбот на грофовијата на Горна Лужица. Грбот бил поставен околу 1350, кога шестте града на Горна Лужица основале конфедерација. Овој сојуз станал грофовија под чешката круна во 1378.