Каменц

Каменц/Камјенц

Kamenz/Kamjenc

Воздушен поглед на центарот на Каменц
Воздушен поглед на центарот на Каменц
Воздушен поглед на центарот на Каменц
Грб на Каменц/Камјенц
Каменц/Камјенц во рамките на Германија
Каменц/Камјенц
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Бауцен
Општ. заед. Каменц-Шентајхен
Градоначалник Роланд Данц
Основни податоци
Површина 53,15 км2
Надм. височина 173 м
Население 17.015 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 320 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. KM
Пошт. бр. 01917
Повик. бр. 03578
Портал www.kamenz.de
Местоположба на градот Каменц/Камјенц во рамките на округот Бауцен
Карта
Карта
Координати 51°16′N 14°6′E / 51.267° СГШ; 14.100° ИГД / 51.267; 14.100

Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) — град во Лужица (источна Саксонија), Германија. Сместен е во округот Бауцен и брои 18.243 жители. Се наоѓа 40 километри североисточно од Дрезден и околу 30 километри северозападно од Бауцен (Будишин).

Градот е родно место на познатиот драматург, филозоф и поет Готхолд Ефраим Лесинг (1729-1781).

Историја

Кон крајот на XII век на местото на градот е изграден замок за крајпатната стража како обезбедување на древниот пат Вија Регија и реката Шварце Елстер. Ова бил важен трговски пат помеѓу Белгија и Шлеска.

Градот за првпат е споменат во 1225, а во 1319 стекнал управна независност. Во 1346 Каменц и пет други града го склучиле т.н. „Сојуз на шест горнолужички града“ за да се заштитат од пљачкосувањата на околните вооружени чети. Во 1707 голем дел од стариот град е уништен во катастрофален пожар.

Знаменитости

Театри

  • Градски театар (Stadttheater)
  • Хутбершка сцена (Hutbergbühne Kamenz, на отворено, со капацитет до 10 000 гледачи)

Музеи

  • Музеј на Западна Лужица (Museum der Westlausitz)
  • Лесингов музеј (Lessingmuseum)

Објекти

  • Градска куќа (изгр. 1848-1849) во неоренесансен италијански стил
  • Андреината фонтана (Andreasbrunnen) на пазарниот плоштад
  • Црвена кула, Калуѓерски ѕид (Mönchsmauer), Pichschuppen (делови од средновековниот градобран)
  • Главна протестантска црква Св. Марија (изгр. 1275-1479 во доцноготски стил)
  • соборна црква Св. Ана (1499)
  • катехистичка црква (1358)
  • споменик на Лесинг (местото кајшто се наоѓала родната куќа на Лесинг)
  • Лесингов дом (Lessing-Haus)

Настани

  • Трка по планината Хутберг (Blütenlauf auf dem Hutberg)
  • Лесингови денови (јануари и февруари)
  • Ден на музиката (21 јуни)
  • Шумски фестивал (Forstfest) седмицата на 24 август (Св. Апостол Вартоломеј)
  • Фестивал на носот (Kamenzer Nasenfest) со т.н. „нос-пазар“ (3 октомври)
  • карневал

Наводи

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Public Domain Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!