Burkau/Porchow
Буркау (германски: Burkau, горнолужички: Porchow) — општина во источниот дел на Саксонија, во округот Бауцен во Германија.
Буркау е во северниот дел на округот Бауцен во регионот богат со шуми, Горна Лужица. Оддалечен е околу 6 километри на север од градот Бишофсверда и 16 километри на запад од главниот град во округот - Бауцен. Германскиот автопат А4 помеѓу Дрезден и Герлиц е близу општината и има две директни врски со него. Во близина на ридовите на западна Лужица е и изворот на реката Шварце Елстер - еда од најважните реки во овој регион.
Во 1164, селото Буркау било спомнато за првпат во документ - други извори тврдат дека тоа се случило двесте години подоцна во 1312 - па така сè уште не е утврдено која е вистинската старост. Административната општина, која постои и денес била создадена во 1994, кога три порано независни општини одлучиле да се обединет - тие биле „Буркау“ (Burkau, Porchow), „Ухист ам Таухер“ (Uhyst am Taucher, Horni Wujezd) и „Клајнхенхен (Kleinhänchen, Maly Wosyk) со нивните помали делови: „Аушковиц“ (Auschkowitz, Wuckecy), „Гросхенхен“ (Großhänchen, Wulki Wosyk), „Јидлиц“ (Jiedlitz, Jedlica), „Нојхоф“ (Neuhof, Nowy Dwór), „Паневиц“ (Pannewitz, Panecy) и „Ташендорф“ (Taschendorf, Ledzborecy).
Знаменитости во општината се стариот дворец во Паневиц, камената воденица и „Jiedlitzer Buchholzmühle“ во Бока и црквата на автопат од 1801 во класичен стил.